Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Родителите на „Маршот на ангелите“: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Родителите на „Маршот на ангелите“: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“
МАКЕДОНИЈА

Родителите на „Маршот на ангелите“: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“

Објавено July 27, 2025 09:14
Сподели
Сподели

Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16. Марш на ангелите пред зградата на Полициската станица во Кочани побараа одговор од ОЈО ГОК, кое ја води постапка за над 20 те полициски службеници од ОВР Кочани и СВР-Штип, до каде е истрагата за нив и формирање на обвинителен предлог.

Сакаме да ги прашаме до каде е постапката на ОЈО ГОК или чекат одмори, да си одведат нивните деца на  одмор, на вода, а ние на нашите деца врз гробовите да им фрламе вода за да ги освежеме. Блазе си им, нека им служи на чест, оти развлекуваат само, вели мајка на загинато момче.

На вчерашниот Марш на ангелите главната порака им беше „Слушнето го гласот на оние што повеќе не можат да зборуваат“. Родителите и семејствата на загинатите деца што учествуваа на протестниот марш се револтирани што нивниот настан денеска имаше убедливо најслаб одѕив. Револтирано им се „заблагодарија“ на поддршката на граѓаните и семејствата кои имаат настрадано деца, а денеска не учествуваа на маршот кој почна во 18.05 часот од Паркот на револуцијата, а заврши пред зградата на Судот и Обвинителството во Кочани. 

Една од мајките пред зградата на Општина Кочани истакна дека на денешен ден се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој однесе голем број на човечки животи и направи материјални штета. Посочи дека на денешниот Марш на ангелите им одаваат почит на загинатите во земјотресот во Скопје во 1963 година, но истовреме се сеќаваат и на оние кои помогнале да се обнови градот Скопје.

Но, пред четири месеци се случи најголемата трагедија во поновата историја на Македонија. Пожарот во кој поради затајување на институциите 62 деца беа пеплосани и над 200 беа повредени со трајни психички и физички последици и уште 300 деца, кои не се споменуваат, а кои беа таа вечер, за среќа без физички повреди, но ќе останат трајно со траума и ужас од таа кобна ноќ, 16 март 2025, која ќе ги следи цел живот. Таа ноќ ќе го следи Кочани, за секогаш. Трагедија која наместо да не сплоти, обедини, за да не се повтори. Таа ни донесе уште дополнителни удари од општествената струка во која живееме, рече мајка на загинато дето пред зградата на Општина Кочани. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Свечено затворен ЕМОФ 2025
Следна Статија И по 54-ти пат Косово сè уште без собраниски спикер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци за Судскиот совет

Верувам дека претседателката на државата избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, истакна денеска во изјава…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Се роди првото бебе во 2026 – Ќе биде женска година

Клиниката за гинекологија и акушерство информира дека точно на полноќ е родено првото бебе во 2026 година. -На ГАК се…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло време, до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Кој му даде на Васил Јованов мобилен телефон во Шутка?

Отакако на социјалните мрежи се појавија фотографии од Васил Јованов човекот кој ја прегази Фросина Кулакова , како во затворот…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?