Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Родители, чувајте си ги децата: Ако го забележите ова веднаш повикајте полиција, дадени упатства после морничавото предупредување од Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Родители, чувајте си ги децата: Ако го забележите ова веднаш повикајте полиција, дадени упатства после морничавото предупредување од Грција
БАЛКАН

Родители, чувајте си ги децата: Ако го забележите ова веднаш повикајте полиција, дадени упатства после морничавото предупредување од Грција

Објавено August 19, 2025 13:25
Сподели
Сподели

Летувањето во Грција, омилената дестинација на многу семејства од Србија и регионот, за некои туристи се претворило во непријатно и вознемирувачко искуство по инцидентот што се случил на плажа во местото Неа Флогита, објави српски Телеграф.

На социјалната мрежа, во групата „Grčka info“, се појавило морничаво предупредување – туристи уловиле група странски државјани како фотографираат мали деца на плажа, а според тврдењата на очевидци, снимките наводно биле наменети за понатамошна препродажба.

Денеска беа фатени како фотографираат мали деца на плажа за понатамошна продажба и настана хаос кога родителите го забележаа тоа. Ве молам, предупредете ги сите да внимаваат и да пријават ако видат нешто слично, напишала една Србинка која во тој момент била на одмор таму.

Инцидентот предизвикал паника меѓу родителите, а бројни членови на групата коментирале дека безбедноста на северот од Грција е сериозно нарушена, бидејќи тие места се „погодни за крадци и манијаци од околните земји кои лесно ја преминуваат границата“.

По бројните реакции, во истата група се огласила и Србинката Даница, која упатила конкретни совети до родителите и потсетила дека во Грција, како и во цела Европска Унија, децата се посебно заштитени со закон и со GDPR регулативата.

Фотографирањето малолетници без дозвола од родител или старател претставува нарушување на приватноста. Ако фотографиите се користат, споделуваат или се продаваат, тоа се третира како сериозно кривично дело, експлоатација на деца, и строго се казнува со парична и затворска казна, предупреди таа.

Каде да се обратите ако некој го фотографира вашето дете?
Според Даница, доколку родителите забележат ваква ситуација, треба веднаш да реагираат:

Повикајте полиција на бројот 100 или на европскиот итен број 112;
Пријавете до онлајн единицата на полицијата за високотехнолошки криминал преку е-пошта: ccu@cybercrimeunit.gov.gr;
Или анонимно преку организацијата SafeLine Greece, членка на меѓународната мрежа INHOPE, на линкот: www.safeline.gr/en.
Ве молам да бидеме внимателни едни со други и да го споделиме ова со други семејства. Нашите деца имаат право на безбедност и на приватност, а на нас е да го чуваме тоа право и заедно да реагираме кога е загрозено, порачала Даница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат
Следна Статија Аргентинците го најавија последното танго на Меси на 4 септември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ЕУ: Старт на преговорите веднаш штом ги внесете Бугарите во Уставот

Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја со Албанија и Македонија вели портпаролката…

September 26, 2024
БАЛКАН

Продолжен притворот за осомничените за убиството на 2-годишната Данка

Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за нови 30 дена на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се…

February 14, 2025
БАЛКАН

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато во вредност од 300.000 евра

Претседател на македонски фудбалски клуб од прва лига е уапсен бидејќи е фатен како шверцува злато во вредност од 300.000…

March 28, 2026
БАЛКАН

Минималната плата во Косово ќе достигне 500 евра

Привремената влада на Косово го усвои предлогот на Министерството за финансии за зголемување на минималната месечна плата на 500 евра,…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?