Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Росоман на пат кон промени: Мицкоски повикува на доверба за бројот 9
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Росоман на пат кон промени: Мицкоски повикува на доверба за бројот 9
ПОЛИТИКА

Росоман на пат кон промени: Мицкоски повикува на доверба за бројот 9

Објавено October 25, 2025 17:40
Сподели
Сподели

На денешниот настан во општина Росоман под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамки на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат следната недела на 2 ноември, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски на самиот почеток објасни дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ се разликува од останатите претходни влади, и тоа по обезбедувањето на финансиски средства за проекти за сите општини подеднакво, независно од која политичка гарнитура доаѓаат градоначалниците.

-Ние потпишавме договори и обезбедивме финансирање на проекти во вкупна вредност од половина милијарда евра, нешто што досега не е запаметено во независна Македонија, тоа никогаш не го направила ниту една влада во четири години, што ВМРО-ДПМНЕ и оваа Коалиција го направија за 16 месеци. Притоа бевме свесни и не се однесувавме како што се однесуваше претходната влада на СДСМ и ДУИ да бидеме негативни, и да ги казнуваме граѓаните во општините во коишто градоначалникот е од опозицијата напротив, ние сакавме и сакаме и во иднина така ќе се однесуваме како Влада на сите граѓани, без разлика дали во тие општини градоначалникот е од опозицијата или е од Владата, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски исто така истакна дека Росоман има градоначалник кој не ја заслужува довербата на граѓаните, и дека треба да се остават во минатото луѓето кои освен ограбување на сопствениот народ, понижување и национално распродавање на Македонија, ништо друго не покажале.

-Но, овде во Росоман имаме градоначалник којшто апсолутно не ја заслужува довербата на граѓаните. Да ги оставиме овие рецидиви на минатото, да ги оставиме на онаа седумгодишна власт којашто ја ограбуваше Македонија, ја понижуваше во минатото. Да излеземе масовно на 2 Ноември и да го дадеме својот глас за бројот 9 и за Ѓорѓи. Втората опција е за излезете и да го дадете својот глас за коалицијата којашто имаше можност седум години да направи нешто за Македонија, како што велат, тие да се борат за својот дом, но освен борба за нивните џебови и ограбување на народот и понижување и национално распродавање на Македонија, ние ништо друго не видовме, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Прилеп се зголемува семејното насилство
Следна Статија Николоски: Победата во првиот круг во Демир Капија, да ја запечатиме на 2ри ноември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ЛДП: Техничката влада нема да ги нахрани граѓаните, време е за вистински реформи

Либерално-демократската партија (ЛДП) смета дека лидерска средба има смисла. На неа единствено мора да се разговара за суштински реформи, а…

January 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не сум изненаден што сум прислушкуван од АНБ, се надевам дека овие глодари ќе завршат позади рештки

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека Агенцијата за разузнавање и и Агенцијата за национална безбедност темелно се занимавале со него…

September 1, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата

Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај а власта сѐ луксузира врз грбот на народот,…

February 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте

Како Влада веќе шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте со 3,5 проценти во просек, истакна премиерот Христијан…

March 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?