Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност
БАЛКАН

Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност

Објавено March 8, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Американскиот државен секретар Марко Рубио утринава изјави дека „дејствата на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик ги поткопуваат институциите на Босна и Херцеговина (БиХ) и ја загрозуваат нејзината безбедност и стабилност“.

Тој ги повика партнерите во регионот да му се придружат на Вашингтон во спротивставувањето на „тоа опасно и дестабилизирачко однесување“.

„Нашата влада ги повикува политичките лидери во Босна и Херцеговина да се вклучат во конструктивен и одговорен дијалог.

Ги повикуваме нашите партнери во регионот да ни се придружат во спротивставувањето на ова опасно и дестабилизирачко однесување“, напиша Рубио на платформата Икс.

Рубио реагираше на последните изјави на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој на 5 март потпиша декрети со кои се прогласуваат за неуставни закони усвоени од Националното собрание на РС, со кои се забрануваат активностите на Судот и Обвинителството на БиХ, Агенцијата за истрага и заштита – СИПА и Високиот судски и обвинителски совет на БиХ.

На 7 март, Уставниот суд на Босна и Херцеговина донесе времена мерка и го запре спроведувањето на овие закони.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Историски успех за Македонија: Андреас Трајковски е осми во Европа
Следна Статија (Видео) Нестварна партија на Јокиќ – Ваков меч никогаш никој не одиграл во НБА лигата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Гардијан: Бугарската полиција го „блокираше спасувањето“ на тројца мигранти кои премрзнаа до смрт

Бугарските власти се обвинети дека ги игнорирале повиците за итна помош и спречиле спасување на тројца египетски тинејџери кои подоцна…

January 27, 2025
БАЛКАН

Две девојки во Бугарија скокнале од воз во движење оти ја пропуштиле станицата, едната е во критична состојба

Две девојки, на возраст од 20 и 21 година, биле итно префрлени во болница во Пловдив откако скокнале од патнички…

August 27, 2025
БАЛКАН

Стојанова: Бугарија ја потврди посветеноста за Коридорот 8, Скопје треба да го заврши својот дел

Министерката за транспорт на Бугарија, Красимира Стојанова, изјави дека тунелот од бугарска страна на Коридорот бр. 8 ќе биде целосно…

October 20, 2024
БАЛКАН

ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции

Европската комисија ја казни Грција со 392 милиони евра поради неправилно управување со европските земјоделски субвенции во периодот од 2016…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?