Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сведочење пред американскиот Конгрес за злоупотребите на УСАИД за време на шарената револуција во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Сведочење пред американскиот Конгрес за злоупотребите на УСАИД за време на шарената револуција во Македонија
СВЕТ

Сведочење пред американскиот Конгрес за злоупотребите на УСАИД за време на шарената револуција во Македонија

Објавено July 16, 2025 14:43
Сподели
Сподели

Во комисијата за правосудство на американскиот Конгрес вчера се одржа сведочење на кое истакнати експерти на фондацијата Херитиџ дискутираа како американските власти преку УСАИД ја финансирале шарената револуција во Македонија и организирале смена на власта.

Мајк Гонзалез, експерт за надворешна политика на фондацијата Херитиџ, ги споредуваше активностите на УСАИД во Македонија и Унгарија, и изјави дека американската државна организација тесно соработувала со крајно левичарски групи како што е Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос, во уривање на десно ориентирани влади низ светот.

Во Унгарија, УСАИД ја финансираше Фондацијата отворено општество која потроши 781 милиони долари меѓу меѓу 2016 и 2023 за реализирање на својата политичка агенда. Не смееме да заборавиме дека Унгарија е стратегиски лоциран американски сојузник, независно дали на либералите им се допаѓа нејзиниот про-американски премиер или не. Истото се случи и во Македонија каде, како што ми посведочи советник на поранешниот исто така про-американски претседател Иванов, УСАИД и Фондацијата отворено општество извршија операција за уривање на владата. Од клучно значење е да се расформира оваа спрега. Претседателот Трамп тргна против левичарските универзитети, музеи, државните медиуми, а во американскиот Сенат денес се води војна против други институции кои ги перат тешко заработените пари на Американците за да вршат културолошки Марксизам. Ја повикувам комисијата да спроведе темелна ревизија на работата на УСАИД и да открие како се трошеле парите на нашите даночни обврзници, изјави Гонзалез, кој беше гласен критичар на постапките на администрацијата на претседателот Обама во текот на шарената револуција.

Една од првите мерки на администрацијата на претседателот Трамп беше да ја десеткува организацијата УСАИД, укинувајќи ги сите политички обоени програми што УСАИД ги вршеше во странство, а Трамп укина и политизирани медиуми финансирани од државата како што е Гласот на Америка. Фондацијата Херитиџ е еден од клучните конзервативни аналитички центри кои ја поддржуваа администрацијата на Трамп во овие акции.

Во дополнителиот тек на сведочењето, во разговор со конгресменот Ричард Гил од Тексас, Гонзалез посочи како американските дипломати често се среќавале и соработувале со опозициските партии во државите кои ги таргетирале пред да се сретнат со официјалните владини претставници, и ги нарушиле американските национални интереси со своите политизирани акции така што предизвикале контра-ефект кај мнозинството од граѓаните во државите во кои спроведувале обоени револуции. „Ефектот на овие акции беше крајно негативен за нас, а полезен за Владимир Путин. Тој придонесе про-американски настроените Унгарци или Гватемалци или Македонци да почнат да се сомневаат во целите на Соединетите Американски Држави и да бараат други алтернативи“.

Пред комисијата сведочеше и Скот Волтер, претседател на конзервативниот центар CRC. Волтер, во дискусија со претседавачот на комисијата за правосудство, конгресменот Џеферсон ван Дру од Њу Џерси, исто така сведочеше за штетата која ја претрпеле американските надворешно-политички интереси поради потчинувањето на американската дипломатија на интересите на милијардерот Џорџ Сорос.

Документи од организациите на Сорос јасно покажуваат дека имало незаконски активности, дека нивните пари се трошеле да се влијае на исходот на изборите во Европскиот Парламент, што секако е во спротивност со законите за ограничување на политичката активност на вакви организации. Во нашиот следен извештај ќе покажеме како 80 милиони долари отишле во џебовите на невладини организации кои поддржуваат тероризам, што исто така би можеле да кажеме дека не е во согласност со правилата. Сорос има десетици, можеби стотици организации. Ја имате Фондацијата отворено општество во Македонија, Фондацијата отворено општество во Прага и така натаму. Овие организации добиваат пари од даночните обврзници, како и приватни пари од господинот Сорос и, како што објасни господинот Гонзалез, тие се подготвени да организираат уривање на влади и да решаваат кој ќе победи на изборите во Европа.

Конгресменот Ван Дру одговори дека „ова е опасна ситуација, многу веројатно незаконска, во најмала рака загрижувачка. Американскиот народ заслужува да знае за овие вознемирувачки информации“.

Во текот на сведочењето, експерти на фондацијата Херитиџ образложија и други случаи каде администрациите на Обама и Бајден соработувале со фондацијата на Сорос и финансирале носење на илегални имигранти во САД, илегално финансирање на левичарски организации, политизирани активности против Израел, климатски мерки кои ја правеле Америка енергетски зависна од странски држави и промовирале ЛГБТ активности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија  Граѓаните почнаа да му пишуваат на министерот Алиу: Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството
Следна Статија Градоначалникот на Истанбул осуден на една година и осум месеци затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Спречен бомбашки напад на концертот на Лејди Гага, присуствуваа 2,1 милион луѓе

Бразилската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад планиран за концертот на Лејди Гага на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро.…

May 4, 2025
СВЕТ

Трамп ги паузираше царините за Канада

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги ослободи стоките од Канада и Мексико на еден месец од царините од 25 отсто…

March 7, 2025
СВЕТ

(Во живо) Путин: Ајде да направиме експеримент, изберете цел и доведете ја западната воздушна одбрана таму, нема шанси да го пресретне Орешник

Рускиот претседател Владимир Путин ја одржува својата традиционална годишна конференција. Руските гледачи веќе со денови испраќаат прашања до Путин, а…

December 19, 2024
СВЕТ

Руте: Инвестирајте повеќе во одбраната или почнете да учите руски јазик

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте вчера ги повика Европејците да трошат повеќе за одбрана, велејќи дека во спротивно ќе…

January 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?