Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ бара оставка од директорката на ГАК поради смрт на новороденче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ бара оставка од директорката на ГАК поради смрт на новороденче
ПОЛИТИКА

СДСМ бара оставка од директорката на ГАК поради смрт на новороденче

Објавено December 16, 2025 14:41
Сподели
Сподели

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство веднаш да поднесе оставка, побараа денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) по информациите дека во оваа установа починало новороденче.

„Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела, вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста“,рече Елена Радеска од комисијата за здравство на СДСМ на прес-конференција одржана пред зградата на Гинекологија.

Радеска вели дека директорката на Клиниката се обидела да го сокрие случајот и бараат одговорност од неа.

„Новородено бебе, со реална шанса за живот, починало на интензивна нега. На родителите им било кажано дека смртта била неизбежна. Дека ништо не можело да се направи. Но, документите од самата Клиника говорат поинаку. Внатрешни пријави, изјави на лекари и официјални записници велат дека има сомнежи за лекарска грешка“,рече Радеска.

Според информациите што ги пренесе таа, началничката на интензивна нега писмено пријавила дека несоодветно лекување од страна на педијатарка довело до компликации и смрт на бебето.

„Според таа пријава, реинтубацијата траела дури 20 минути. Не секунди. Дваесет минути. Во тие 20 минути, на бебето му биле нанесени повреди, по што настанала и смрт. Ништо од ова не им било кажано на родителите. Ниту дека постои сомнеж за сериозна лекарска грешка. За тоа дознале од новинари. Од свиркачи. Не од Клиниката. Не од институциите“,додаде Радеска.

Од СДСМ бараат итна оставка на директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска-Папестиев, за, како што велат, огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството.

„Каква е таа докторка за која Хипократовата заклетва е само на хартија?“,рече Радеска.

Од партијата бараат и целосна, независна истрага и одговорност од сите инволвирани – без разлика на функцијата, титулата или хиерархијата.

Денеска од Министерството за здравство рекоа дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе врши вонреден инспекциски надзор во врска со починато новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство.

По вонредните контроли, од Министерството за здравство велат дека ќе биде направен и стручен надзор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија во Гостивар: Усмртен велосипедист, уапсен возач
Следна Статија Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка, судењето продолжува со завршни зборови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје: По средбата со Мицкоски ќе потпишат Меморандум

Српскиот премиер Милош Вучевиќ во понеделник со владина делегација ќе ја посети Македонија каде ќе оствари средба со својот домаќин…

October 6, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за „Еразмус+“

СДСМ побара разрешување на в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, и целосна истрага за наводните…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК го усвои календарот за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025,…

August 9, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Ние со САД и Европа, Бујар Османи со Лавров и „Отворен Балкан“

Повеќе од јасно е дека или си со Вашингтон и Европа, или си со српскиот свет. Ние во текот на…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?