Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ
ПОЛИТИКА

СДСМ: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ

Објавено April 23, 2026 11:36
Сподели
Сподели

Опозициската СДСМ денес на прес конференција обвини дека зад проектот за изградба на рудник за антимон кај Крива Паланка стојат донатори на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и се кријат бизнис интереси.

„Она што Христијан Мицкоски се обиде да му го продаде на народот како наводен ‘државен интерес’ и стратешки дијалог со САД, всушност е само уште еден бизнис план. Профит, пред здравје, бизнис пред народ“, изјави на прес конференција Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

Таа се повика на официјални податоци од Министерството за енергетика кои, како што посочи, откриваат дека моментален концесионер на локалитетот Луке е компанијата „РИ Енергетика Пела ДОО Скопје“.

Според СДСМ, сопственик на оваа компанија е Ѓорѓе Качурков, донатор на ВМРО-ДПМНЕ.

„Официјалните документи и финансиски извештаи недвосмислено потврдуваат ова“, рече Кузеска, додавајчи дека ова е крунски доказ дека „рудникот со антимон е бизнис дил, класична партиска концесија“.

Кузевска додаде и дека договорот во Вашингтон го потпиша Ник Јовановски од австралиската „Пела глобал лимитед“.

„Истиот тој Николче Јовановски кој уште во 2015 година, како застапник на фирмата на донаторот на ВМРО-ДПМНЕ, го потпишал договорот за концесија за локалитетот Луке. Со ова мрежата е целосно разоткриена, а центарот на контролата е јасен“, нагласи Кузеска, додавајќи дека „ВМРО-ОКГ е подготвена да го жртвува здравјето на граѓаните за профитот на своите спонзори“.

Ова, како што посочи Кузеска, е уште една причина зошто мора да има референдум во Крива Паланка и да се прашаат граѓаните, при што му порача на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски (кој доаѓа од редовите на СДСМ, заб.) дека „мора да ги слушне граѓаните, а не Мицкоски“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Растe цената на нафтата
Следна Статија Се огласи ОЈО Скопје по апсењето на Сејдини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лефков: Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата

Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата, изјави Миле…

February 3, 2025
ПОЛИТИКА

За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

Последни денови од годишните одмори бројат многумина наши сограѓани кои ќе се вклучат во изборните активности за локалните избори во…

August 7, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче предложи концепт за нов општествен и политички дијалог: Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција предложи концепт за нов општествен и политички дијалог. По трагедијата во Кочани,…

April 2, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Кампањата ја почнуваме со садење дрвја како симболика за развој и долгорочна грижа за Центар

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со носителот на советничката…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?