Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: За младите на олимпијада немало пари ама имало за ПР агенции на власта, Борко да си поднесе оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: За младите на олимпијада немало пари ама имало за ПР агенции на власта, Борко да си поднесе оставка
ПОЛИТИКА

СДСМ: За младите на олимпијада немало пари ама имало за ПР агенции на власта, Борко да си поднесе оставка

Објавено July 30, 2025 23:00
Сподели
Сподели

Скандал, за младите на олимпијада немало пари ама имало за ПР агенции на власта, Борко да си поднесе оставкаСрамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност.Ниту основни услови за младите спортисти актуелната власта не успеа да обезбеди со катастрофалната организација, реагира Јовица Јанковиќ од СДСМ.

Најгордата влада немаше пари за соодветно сместување со клима уреди, немаше за соодветна храна и доволно вода, немаше пари за соодветен превоз.

Но коге е ПР во прашање мора да има пари, за фирмите кои се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Сопственикот на агенцијата ИДЕА Лаб, и дел од вработените, го добиле бизнисот за ПР за олимпијадата во различни сегменти, меѓу кои маркетинг и менаџмент на социјалните медиуми.

Како е можно да има пари за ПР и маркетинг а да нема за основни услови на блам олимпијадата?

Можно е. Сопственикот на ИДЕА Лаб, Димитар Атанасовски, е близок до власта.

На неговиот профилот може да се видат тон слики со Борко Ристовски, Игор Јанушев, Орце Ѓорѓиевски, Владимир Нелоски и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали близната со Борко Ристовски или шефот на кабинет на Мицкоски била пресудна за токму оваа фирма да биде ангажирана?

Но не е само младинската олимпијада.

Во изминатиот период оваа агенција добива пари и од многу државни институции и општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ но и нивните коалициски партнери.

Околу 50 илјади евра, пари на граѓаните, редовно се слеваат во оваа агенција.

На пример, од Минстерството за образование добиле 8.000 евра, од Министерството за односи со заедниците над 24.000 евра, од Министерството за локална самоуправа 16.000 евра итн.

Јака идеја е да се земаат пари од народот.

Луѓето во оваа држава едвај преживуваат, платите стагнираат, нема пари нови пожарникарски возила, нема пари за ништо освен за ПР за промоција на власта.

Ова е уште еден пример за безобразието и аздисаноста на оваа власт, без трошка чувство за одговорност кон граѓаните.

Бараме сите договори јавно да бидат објавени да види народот за што се трошат парите. Во чии џебови завршуваат парите на граѓаните.

А Борко Ристовски, најмалку што може да направи е да си поднесе оставка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Запленети кокаин и канабис во вредност од 2,7 милиони евра на грчко пристаниште
Следна Статија (ВИДЕО) По разорниот земјотрес, еруптираше вулкан на Камчатка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ пак се жали: На „Охридско лето“ немало албанска култура

„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура…

July 14, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Ниедна лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата и Тошковски со бегството на Груби

Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби,…

December 22, 2024
ПОЛИТИКА

Мендух Тачи ja прекинал соработката со Европскиот фронт

Претседателот на Дeмократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи во четвртокот официјално го напуштил Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот. За…

October 3, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче сака на лидерска да се разговара за реформите и националните интереси, ќе предложи агенда в понеделник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека в понеделник, на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, ќе…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?