Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во мај ќе се знаат имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Во мај ќе се знаат имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
ПОЛИТИКА

Во мај ќе се знаат имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори

Објавено January 8, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Имињата на кандидатите за градоначалници од владејачката Коалиција „Твоја Македонија“ за годинашните локални избори ќе бидат објавени во втората половина од мај, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски во Штип на пуштањето во употреба на детската градинка „Вера Циривири Трена“ и спортската балон сала во рамки на подрачното училиште ОУ„Гоце Делчев”.

Конечна одлука за тоа кои ќе бидат имињата на кандидатите за градоначалници, Мицкоски вели сè уште не е донесена, но, како што рече, во тек е внатрепартиска дебата и од страна на општинските комитети веќе се пристигнати предлог-имињата кои треба да се најдат на претстојните анкети и мерења.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов направи голема разлика, кога би се споредило со неговите претходници и тука очекувам така да продолжи во периодот пред нас. Што се однесува до останатите кандидати за градоначалници во другите општини низ Македонија, сè уште како партија и коалиција не сме донеле конечна одлука кои ќе бидат имињата. Во моментот во тек е внатрепартиската дебата и од страна на општинските комитети се пристигнати предлози и имиња кои што треба да се најдат на анкетите и мерењата, посочи Мицкоски.

Анкетите, додаде, ќе започнат да ги спроведуваат во втората половина од месецов и како што рече, очекувањата се во мај да бидат соопштени до 90 отсто од мерењата.

Започнуваме во втората половина од јануари да мериме интензивно и очекувам во втората половина од мај 85 до 90 отсто од мерењата да ги соопштиме на граѓаните за тоа кои ќе бидат кандидатите за градоначалници, додаде Мицкоски. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Земјоделците годинава ќе добијат 120 милиони евра за директни плаќања
Следна Статија Мицкоски: Пуштен е во употреба клон од детска градинка и спортска сала во Штип, продолжуваме посветено да работиме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Почна лидерската средба

Во Клубот на пратениците почна лидерската средба што ја иницираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Покрај Мицкоски, кој…

January 14, 2026
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој…

September 27, 2024
ПОЛИТИКА

Втор независен кандидат во Кочани: Зоран Тодоров се вклучи во трката за градоначалник

Кочани доби втор независен кандидат за градоначалник. По најавата на актуелниот в.д. градоначалник Венко Крстевски дека ќе настапи како независен,…

September 2, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН тврди дека Рамадани не користел говор на омраза

Во нашата кампања, ниту еден кандидат не користел говор на омраза, туку зборувал за патишта, училишта, водовод, економски развој, за…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?