Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ со законски измени ќе бара зголемување на минималната плата и замрзнување на функционерските плати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ со законски измени ќе бара зголемување на минималната плата и замрзнување на функционерските плати
ПОЛИТИКА

СДСМ со законски измени ќе бара зголемување на минималната плата и замрзнување на функционерските плати

Објавено January 29, 2026 20:29
Сподели
Сподели

Социјалдемократскиот сојуз подготвува законски измени со кои ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на функционерските плати. Лидерот на партијата Венко Филипче се надева дека сега законот ќе биде поддржан од власта за разлика од 2024 година кога беше одбиен нивниот предлог-закон за зголемување на минималната плата.

– Наше е да предложиме, власта е таа што го има последниот збор. Имаат две третини мнозинство во Собранието. Треба да се даде поддршка, народот навистина има потреба од таква поддршка – рече Филипче на денешната прес-конференција.

Со ваквиот предлог, како што посочи, одржуваат континуитет во нивните политики од времето кога СДСМ беше на власт и кога минималната и просечната плата растеле во континуитет, дури и во ситуација на многу тешки кризи. Според него, со одговорна и вистинска политика може да се најдат пари за овие барања и не држат изговорите на власта дека нема пари.

– Ако ние можевме во време на криза, на компаниите и на граѓаните финансиски да им обезбедиме поддршка кога над две милијарда евра отидоа како директна помош и се заштитија десетици илјади компании и граѓани кога цел свет беше затворен, тоа значи дека со домаќинска и одговорна политика пари може да се најдат. Владата треба да води сметка за вистинските приоритети на граѓаните и да најде пари, а не да бара изговори дека нема пари – рече Филипче.

Додаде дека се отворени за соработка за предлог-законот и го повикаа Сојузот на синдикатите да направи увид во текстот на законот и доколку има предлози и сугестии, да бидат вметнати во него.

Во однос на обвинувањата од власта дека вчерашниот протест на ССМ бил политички мотивиран, Филипче уште еднаш повтори дека ниту го иницирале ниту учествувале во организацијата на овој протест.

– Власта мора да сфати дека тоа се реални автентични барања на народот и не треба да ги затвора очите пред тоа – рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци
Следна Статија Мицкоски: По изборот на јавен обвинител, голем број предмети ќе влезат во процедура, а јавноста ќе види кој ја води опозицијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Орце ќе има тешка задача, но го познавам и знам каков работник е

Првата задача на Орце ќе биде да го исчисти главниот град од ѓубрето и депониите, рече на митингот во Скопје…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Мириса на убедлива победа уште во првиот круг

На градскиот плоштад во Куманово, вчера Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, одржа конвенција на која ги промовираше кандидатот за…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Богојески пријавил криптовалути од над милион евра во анкетниот лист, има и сметка во Бугарија

Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски-Рокас: Реформите во администрацијата и правосудството покажуваат дека Владата е на вистинскиот пат

Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска во просториите на партијата, остварил средба со амбасадорот на…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?