Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ со ново предупредување: По Албанија и Косово, Македонија е следна дестинација во мигрантските планови на западните земји
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ со ново предупредување: По Албанија и Косово, Македонија е следна дестинација во мигрантските планови на западните земји
ПОЛИТИКА

СДСМ со ново предупредување: По Албанија и Косово, Македонија е следна дестинација во мигрантските планови на западните земји

Објавено December 10, 2025 08:46
Сподели
Сподели

СДСМ и денеска отвори прашањето за мигрантските договори за кои, според опозициската партија, деновиве известуваат повеќе европски и светски медиуми. Утринава од партијата посочија дека информациите за „центри за враќање на мигранти“ се развиваат забрзано во регионот и дека Македонија, како што тврдат, може да биде следната дестинација.

Според СДСМ, најновите анализи на меѓународните медиуми покажуваат дека неколку балкански држави веќе влегле во договори со западни земји. Косово, како што наведуваат, станало прва земја што прифати одбиени мигранти од Британија, додека Албанија се согласи на изградба на прифатни центри за мигранти од Италија.

Во партиското соопштение се наведува и примерот на „Дојче веле“, кое пред пет дена информираше дека група од 40 мигранти била префрлена со воен брод во албанските центри, каде што – според германскиот медиум – ќе останат сè додека не бидат депортирани.

СДСМ тврди дека, паралелно со овие случувања, британски медиуми објавиле дека Владата предводена од Христијан Мицкоски разговара за можно прифаќање мигранти од Британија во Македонија. Според тие објави, кои опозицијата ги цитира, наводно било спомнато финансирање од околу 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд – особено во градежништвото – како и можност за подолгорочно населување.

Опозициската партија обвинува дека „ова е вистината“ и поставува прашање кој ја кажува реалната слика: светските медиуми или Владата. Според СДСМ, властите „ја кријат информацијата“, додека земјата се соочува со недостиг од средства во буџетот од околу една милијарда евра и, како што тврдат, со намера да се земе нов кредит до 6 милијарди евра „во замена за прифаќање мигранти“.

„Граѓаните се против ваквите политики и велат НЕ за мигранти, НЕ за загрозување на безбедноста,“ наведуваат од СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Магла на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и на ГП Богородица
Следна Статија Путин го ослободи од должноста амбасадорот во Македонија, Баздникин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Изборите ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети, ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија кој е во рамки на кампањата за локалните избори…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Либерално-демократската партија (ЛДП) и понатаму останува доследна во својата заложба за темелни изборни реформи, со јасно изразена поддршка за воведување…

May 31, 2025
ПОЛИТИКА

Галетановски си даде оставка од градската организација на СДСМ

Ѓорѓи Галетановски си поднел оставка од претседател на градската организација на СДСМ, потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер од СДСМ. Според истиот…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

Перински: Испорачување квалитетни јавни услуги за граѓаните е еден од нашите императиви, тоа е една од стратешките цели на оваа Влада

Испорачување квалитетни јавни услуги за граѓаните е еден од нашите императиви, па во таа насока развојот на локалната самоуправа е…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?