Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Тендерските мрежи на ДПМНЕ се шират – Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Тендерските мрежи на ДПМНЕ се шират – Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра
ПОЛИТИКА

СДСМ: Тендерските мрежи на ДПМНЕ се шират – Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра

Објавено March 13, 2025 15:03
Сподели
Сподели

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, СДСМ денеска објавува нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ поткрепен со докази и факти.

Граѓаните ќе сведочат на уште еден случај, како омилените фирми на власта добиваат милионски суми преку тендерите и колку е проширена пајажината од овие мрежи низ општините и институциите.

Шемата е идентична.

Една иста фирма, во општините кои ги водат градоначалниците на ДПМНЕ но и во институциите добиваат милионски суми од тендерите и најчесто се јавуваат како единствени понудувачи.

Станува збор за уште една фирма омилена на власта: Мастеф ДООЕЛ Скопје.

Преку неколку општини и институции оваа фирма во последните 3 години има добиено тендери вредни над 4 милиони евра.

Еве ги сите договори.

Дополнително, за оваа иста фирма, од унгарскиот кредит, има одлука за избор за проценета вредност од 25.256.509 денари или околу 400.000 евра.

Фирмата е омилена на градоначалниците на ДПМНЕ, Кисела Вода, Аеродром, Неготино.

Во општина Кисела Вода каде градоначалник е Орце Ѓорѓиевски од ДПМНЕ, за период од 2022 година до 2024 година, оваа фирма има добиено тендери во вредност од 1,7 милиони евра.

Од општина Аеродром, и во време кога градоначалник бил Тимчо Муцунски оваа иста фирма има земено тендери, односно склучени договори тешки речиси 1 милион евра.

Во општина Неготино, каде градоначалник е Стојанов од ДПМНЕ од 400.000 илјади евра.

Од вкупно 13 тендери во овие општини на дури 11 фирмата се јавува како единствен понудувач.

Најголем дел од договорите се со иста вредност како проценетата вредност.

Ова е првиот сомнеж, дали можеби сумата била однапред договорена?

Да се добие иста цена е целосно спротивно од логиката за јавни набавки.

Зошто нема намалување на цените? Тоа треба да утврдат надлежни институции.

Оваа иста фирма добила тендери и во Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, со Договор од 65,5 милиони денари или околу 1 милион евра.

Како е можно една иста фирма да биде победник на толку многу тендери во општини и институции и да добие 4,5 милиони евра?

Каде завршуваат парите на граѓаните?

Дали се испумпувале огромни суми на пари преку десеткратно повисоки цени кои граѓаните ги плаќале?

И конечно, дали цените со кои оваа фирма конкурира ширум општините предводени од ДПМНЕ, се далеку повисоки од реалните пазарни цени на истите услуги?

Сомнежот за ова дополнително ќе го објасниме, во една друга постапка каде што оваа фирма била ангажирана, и тоа многу скоро!

За овој огромен скандал со тендерски мрежи мора да има институционална реакција.

Тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ сè повеќе се шират, а институциите мора итно да реагираат!

Бараме: Јавно обвинителство и ДКСК веднаш да постапат по овој случај!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Инвестициите во образованието меѓу приоритетите на Владата- се градат 7 училишта, се реконструираат образовни установи
Следна Статија Мицкоски за Бугарија: Правата на Македонците не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Само три жени во трка за градоначалничко место во вториот круг од локалните избори

Во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи во недела, 2 ноември, од вкупно 33 општини каде ќе…

November 1, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Ја потценија моќта на ВМРО-ДПМНЕ, ова е структура која е дел од македонскиот идентитет

На денешното емитување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како Македонија повторно твоја гостуваше премиерот на Република Македонија и претседател на…

December 29, 2024
ПОЛИТИКА

Кузеска: Додека државата гори, додека семејствата во Кочани молат за помош, Владата ќе потроши 1,8 милион евра од народните пари за да се луксузира

Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош…

July 11, 2025
ПОЛИТИКА

ТЕПАЧКА на состанокот на ДУИ во Чаир?

Пресметка меѓу две групи избила вечерва во Чаир, за време на изборниот состанок на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?