Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сеизмолошките станици низ државава пред затворање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сеизмолошките станици низ државава пред затворање
МАКЕДОНИЈА

Сеизмолошките станици низ државава пред затворање

Објавено August 5, 2025 19:27
Сподели
Сподели

Mатематичкиот факултет во Скопје не може да смета на 13. привремени сеизмолошки станици кои ги добивме во 2023 година, во рамките на проектот на организацијата ORFEUS (Observatories and Research Facilities for European Seismology), а преку кои се следи сеизмичката активност на територијата на државава и во пограничните региони, како и сеизмичноста на целата планета.

Тие 13 станици во моментов ја сочинуваат телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а сеизмички мониторинг има и на езерото Козјак – на браните „Козјак“ и „Света Петка“ и на локација во селото Белица, на долниот дел од езерото и браната „Кнежево“.

ORFEUS во март ќе ја напушти Македонија за да го продолжи проектот во други земји, со што опсерваторијата се соочува со ризик од затворање на сите 13 сеизмолошки станици.

– Значи, од наредната година остануваме без ниту една сеизмолошка станица и соодветна опрема за следење на сеизмичката активност, што за сеизмички активна територија како нашава, во која често се случуваат умерено силни до силни земјотреси, е навистина зголемен ризик за населението и за инфраструктурата од силен земјотрес – изјави за ВЕЧЕР раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, проф. д-р Катерина Дрогрешка.

Таа додава дека технологијата оди напред, светот оди напред, тие успешно ги следат, но сега наоѓаат во ситуација кога не можат да го прават тоа.

– Сега, дефинитивно, ни треба помош. Неследењето на сеизмичката активност може да предизвика неубава состојба во државава во однос на градбите и ризиците за безбедноста на граѓаните – децидна е Дрогрешка.

Според неа, на опсерваторијата ѝ требаат нови лиценцирани софтвери, нова компјутерска опрема и сеизмометри, т.е. минимум десет сеизмолошки станици за следење на сеизмичката активност во реално време. Освен тоа, таа вели дека за да се нарача и инсталира една комплетна сеизмолошка станица, потребни се околу 30.000 евра.

– Поддршка од ПМФ имаме, но Факултетот не може да ги обезбеди овие станици. Ние сме интересни само тогаш кога има земјотрес и луѓето мислат дека доаѓаме на работа и чекаме само да се случи земјотрес. Но, тоа е последното. Нашата работа како сеизмолози почнува откако ќе заврши земјотресот, одговарајќи на прашањата зошто, каде и како се случил земјотресот, сè со цел да се заокружи целиот сеизмички циклус. Овие податоци понатаму се архивираат и проследуваат кон наредните институции за да може да се направат картите на хазард и ризик, кои се користат во урбанизмот, градежништвото итн., и се во интерес на безбедноста на граѓаните – објаснува Дрогрешка.

Министерката за образование, Весна Јаневска, вели дека неколку пати се сретнала со Дрогрешка и барале начин како да се помогне и да се обезбеди сигурност за граѓаните.

– Кога ги разгледував апликациите на научноистражувачки проекти, видов дека Сеизмолошката опсерваторија конкурирала на овој конкурс. И според информациите што ги добивам од Комисијата, многу се големи изгледите да го добијат овој проект, со што ќе се обезбедат дел од средствата за да се набават одреден број инструменти. Ако биде така тоа, не може да прејудицирам, но се надевам дека ќе биде така, малку од малку нешто ќе помогнеме, а потоа ќе продолжиме да го решаваме проблемот – изјави Јаневска.

Сеизмолошката опсерваторија е основана во 1957 година и е лоцирана на падините на Водно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада
Следна Статија Македонските кошаркари утре патуваат за Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река

Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река, при што реката е загадена…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Воведување на вештачка интелигенција во сите предмети ќе зависи од наставниците и нивната употреба на алатки

Започнуваат едукациите за професорите, кои од вториот семестар во секој наставен предмет ќе ја имплементираат и ќе ги обучуваат учениците…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во министерството на Груби имало многу криминал и аздис, 20-тина илјади евра платени на две ќебапчилници

На прашањето дали наследувајќи го Артан Груби во Министерството за односи меѓу заедниците, (кое претходно беше фузирано она за Политички…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

По 14 години, се гаси Ал Џезира Балканс, се затвора и канцеларијата во Скопје

По четиринаесет години работење на Балканот, регионалниот телевизиски проект Ал Џезира Балканс се гаси, беше потврдено за сараевскиот портал „Кликс“…

July 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?