Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание

Објавено November 18, 2025 20:43
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, но предупредува дека има одредени политички партии кои, како што вели, се обидуваат да ја злоупотребат маката на оние што ги загубија своите најмили.

-Лично мислам дека мора така да биде, не може да биде поинаку. Е сега има тука одредени политички партии што на овој случај, за жал, на маката на луѓето кои ги изгубија своите најмили се обидуваат да градат политичка кариера и затоа не можеме да кажеме дека нема политичко влијание бидејќи се обидуваат тие политичари и тие политички партии да ја злоупотребат оваа мака, рече Мицкоски во „Топ тема“ на Телма телевизија.

Премиерот додаде дека тие континуирано испраќаат политички пораки, додека, како што рече, за разлика од нив тој цело време молчи и остава обвинителството и судовите да ја завршат својата работа.

-Да имаме фер судење, да имаме судење коешто јасно ќе детектира кои се виновниците, кои не се виновни и.т.н, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека ја поддржува одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за анкетна и надзорна комисија за сите досегашни трагедии кои ни се случија изминативе години. Апсолутно сите виновници, нагласи Мицкоски, треба да се изнесат пред лицето на правдата. Граѓаните, додаде премиерот, треба да видат кој е тој кој злоупотребил и направил грешка и кој е виновен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неколку лица пукале кон скопјанец
Следна Статија Орбан: Брисел е во големи проблеми, бара нови средства за Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Добар потег е што е побарано и добиено мислење од Венецијанска комисија за целиот пакет закони за реформите во судството

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека е добар потег што било побарано и добиено мислење од Венецијанската комисија за целиот пакет…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава

Во рамки на работната посета на Јапонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Шохеј…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гол маж на кејот во Охрид ги шокираше граѓаните (ВИДЕО)

Сосема гол маж вчера се прошета по кејот на Охридското Езеро сред Охрид ги шокираше граѓаните кои се нашле таму.…

February 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на пленарната сесија на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони,…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?