Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Села го демантира Меџити, не е заинтересиран за влегување во владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Села го демантира Меџити, не е заинтересиран за влегување во владата
ПОЛИТИКА

Села го демантира Меџити, не е заинтересиран за влегување во владата

Објавено October 30, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја оцени како конфузна и невистинита најавата на еден од водачите на „Вреди“, Изет Меџити, дека е можно Алијанса да стане дел од Владата. Тој потенцира дека секогаш дејствувал чесно за да ги заштити правата на Албанците, а не за привилегиите на власта.

„Вие во комуникација со мене – НЕ. Јас како дел од владата – НЕ. Јас на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ – НЕ“, напиша Села на Фејсбук.

Тој вели дека политичките достигнувања ги мери врз основа на придонесот за рамноправност на Албанците, а не врз основа на интересите на власта.

Села предупредува дека работата во парламентот ќе продолжи како и секогаш, лице в лице со Владата, за да се заштитат интересите на граѓаните Албанци.

Вицепремиерот и еден од лидерите во коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, во изјава за ТВ21 не ја исклучи можноста политичари од Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, меѓу кои и Зијадин Села и неговото крило на Алијанса за Албанците, да станат дел од Владата.

Неодамна висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во брифинг за „Слободен печат“ навести дека е можно Алијанса предводена од Села, по локалните избори да стане дел од власта. Но и тогаш извори од Алијанса за „Слободен печат“ изјавија дека нема никакви сигнали ниту контакти помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата предводена од Села за влез во Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Центар Жупа
Следна Статија Сиљановска Давкова: Во Договорот со Бугарија нема член за промена на Уставот, но сега мора да го промениме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Подготвени сме за сите изборни сценарија – за локалните, но и за евентуални предвремени парламентарни избори

СДСМ е целосно подготвен за сите можни изборни сценарија – како за редовните локални избори, така и за евентуални предвремени…

April 25, 2025
ПОЛИТИКА

Жерновски нема никаков кредибилитет да говори за дипломатијата и за меѓународните политики, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Андреј Жерновски неуспешен дипломат, неакредитиран амбасадор, очаен градоначалник, нема никаков кредибилитет да говори за дипломатијата и за меѓународните политики на…

January 15, 2026
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Љупчо Коцевски е одговорен за неактивноста на ЈО, само обвинители бирани во Струмица и Зајас не гледаат криминал во матните набавки на СДС и ДУИ

Шест месеци јавното обвинителство е во зимски сон. Шест месеци нема ниту едно покренато обвинение за ниту еден случај на…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

Костова: Панче Тошковски требаше да си даде оставка од морални причини

За жал, она што го гледаме е крајно селективна, пристрасна и истрага која што оди во насоки во коишто бега…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?