Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Семејството на Фреди Меркјури во спор со неговата поранешна девојка за продажба на неговите работи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Семејството на Фреди Меркјури во спор со неговата поранешна девојка за продажба на неговите работи
ЗАБАВА

Семејството на Фреди Меркјури во спор со неговата поранешна девојка за продажба на неговите работи

Објавено April 24, 2025 09:19
Сподели
Сподели

Кашмира Булсара (73), сестрата на легендарниот Фреди Меркјури, наводно е бесна на неговата поранешна девојка Мери Остин затоа што ги продавала личните работи на Фреди, пишува „Д Сан“.

„Кашмира беше лута и вознемирена што виде толку многу предмети на нејзиниот сакан брат ставени на продажба“, рекол извор близок до сестрата на Меркјури. Затоа Кашмира заедно со синот Џамал ​​Зук и личната асистентка тајно учествувала на аукцијата во Сотби, каде на крајот потрошила 3 ​​милиони фунти за некои од предметите.

„Одвоија огромен буџет, па всушност беа многу задоволни со конечната бројка, и покрај тоа што платија значително повеќе од проценетата цена за секој артикл. Се разбира, Кашмира цени колку Фреди беше обожаван ширум светот, но беше тажна од помислата дека некои од неговите сентиментални предмети нема да бидат со неговите најблиски“, вели изворот.

Меѓу предметите кои наводно ги купила Кашмира се џубокс, елекот со мачките на Фреди што музичарот го носел на снимањето на спотот за песната „Овие се деновите од нашиот живот“ и осум страници работни верзии на текст.

Мери и Фреди се запознале во 1970 година, кога тој се преселил од родниот Занзибар во Лондон. Три години подоцна почнале да живеат заедно, но во 1976 година Фреди и признал дека е геј, по што раскинале. Иако никогаш не се венчале и покрај неговата сексуална ориентација, Фреди во неколку наврати ја нарекувал Мери негова сопруга. Тие останале во добри односи до неговата смрт во 1991 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Додов: На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот – не доаѓале на работа или доаѓале во 12 а си оделе во 14 часот
Следна Статија Таравари: За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, да бидеме рационални и да не брзаме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Во декемвриското издание на „The world of interiors“ објавени фотографии од Македонската опера и балет: Освен што е храм на музиката и танцот, таа претставува и архитектонско ремек-дело

Македонската Опера и Балет, освен што е храм на музиката и танцот, претставува и архитектонско ремек-дело. Со својата уникатна модернистичка…

December 9, 2024
ЗАБАВА

60 Луѓе Кои Целосно Не Се Грижеа За Ничии Очекувања

Зошто толку многу новогодишни дизајни изгледаат двосмислено? ЗОШТО?!

December 8, 2025
ЗАБАВА

Почина пејачката Роберта Флек, најпозната по хитот „Killing Me Softly with His Song“

Легендарната R&B пејачка Роберта Флек, позната по безвременските хитови „Killing Me Softly With His Song“ и „The First Time Ever…

February 25, 2025
ЗАБАВА

Смртта на Џин Хекман и неговата сопруга не е предизвикана од истекување на гас, причината останува непозната

Смртта на оскаровецот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава, кои беа пронајдени мртви минатата недела во нивниот дом во…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?