Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се бара притвор за тројцата од гостиварскиот „Комуналец“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Се бара притвор за тројцата од гостиварскиот „Комуналец“
ПОЛИТИКА

Се бара притвор за тројцата од гостиварскиот „Комуналец“

Објавено July 21, 2026 15:27
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка и поднесе предлог за 30-дневен притвор против директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар и двајца раководители во претпријатието. Тие се сомничат дека преку нелегално поставување пумпи во преливната комора во село Вруток, предизвикале загадување на водата за пиење со која се снабдува Гостивар.

Ова беше соопштено на денешниот брифинг во гостиварското Обвинителство, на кој присуствуваа државниот јавен обвинител Ненад Савески, шефицата на ОЈО Гостивар Елизабета Јосифовска и надлежните јавни обвинители кои постапуваат по предметот, Зура Селими и Хазби Исеини.

Надлежниот јавен обвинител Хазби Исеини појасни дека вчера е донесена наредба за истрага против трите лица, бидејќи постојат основани сомневања дека токму тие дале налози да се постават пумпите за да се зголеми притисокот во водоводниот систем за град Гостивар и околните села.

Ние се одлучивме против можните сторители, фактички осомничените сега, да донесеме наредба за истрага за тешки дела против животната средина и природата согласно член 234 став 2, а во врска со член 219 став 3 во врска со став 1, а делото сметаме дека е извршено во соизвршителство помеѓу тројцата. Во текот на истрагата, денеска е поднесен и предлог за определување на мерка притвор за сите тројца за 30 дена, бидејќи сметаме дека во оваа фаза на постапката нема друг начин истите да се обезбедат – истакна обвинителот Хазби.

За ова квалифицирано кривично дело е предвидена казна затвор од најмалку четири години. Првичните дејствија во предистражната постапка ги презела дежурната јавна обвинителка Зура Селими, по пријава од граѓани на 16 јули 2026 година. На лице место било утврдено дека во близина на преливната комора биле поставени три пумпи, од кои две биле во функција, кои внесувале непреработена вода од надворешен канал директно во системот за пиење.

На 16.7.2026 година од страна на МВР, ОВР Гостивар, ПС Гостивар, како дежурен јавен обвинител бев известена дека од страна на загрижени граѓани е пријавен настан дека во село Вруток, во водоводниот систем се пренесува вода однадвор, со што се загадува водата во водоводниот систем со кој се снабдува целиот град. Утврдено е дека пумпите се во функција и во моментот на извршување на увидот со истите пумпи се извршува внесување на вода од каналот со непреработена вода внатре во водоводната преливна комора – посочи Селими.

Според доказите на Обвинителството, пумпите за првпат биле поставени на 24 јуни, а ден подоцна биле правени проби. Анализите покажале присуство на фекални бактерии во водата, како и зголемено ниво на хлор кај крајните корисници, односно 1,1 милиграм на литар, при дозволени 0,2 до 0,5 милиграми на литар. Во водата земена од внатрешноста на каптажата биле детектирани 39 колиформни бактерии, иако според стандардите граничната вредност треба да биде нула.

На брифингот беше нагласено дека истрагата е во почетна фаза и ќе служи за да се утврди целосната вистина, вклучително и евентуалното поврзување на загадената вода со епидемијата и зголемениот број заболени граѓани.

Во согласност со тоа што ќе го добиеме од сите институции, доколку биде утврдена каква било одговорност кај институциите, и кон нив ќе се прошири истрагата. Нормално е дека ние веќе имавме комуникација со болницата за состојбата. Доколку во кој било случај, кај кого било се јави каков било сомнеж, истиот сторител на кривични дела ќе биде опфатен со проширување на истрагата – беше посочено на брифингот.

На новинарско прашање за каков канал станува збор и дали во него се слева канализација, јавните обвинители појаснија дека не се работи за канализациски канал. Во однос на тоа колку долго функционирале пумпите и дали тие работеле континуирано дваесетина дена, од Обвинителството посочија дека тоа допрва прецизно ќе се утврдува, но има докази за нивно поставување кон крајот на јуни.

Од тоа што досега го имаме како доказ, за првпат се поставени некаде на 24 јуни овие пумпи и на 25 јуни биле правени проби за нивото на притисокот на исти ваков начин. Очигледно е, не можеме со сигурност да тврдиме, но имаме основано сомневање дека биле во функција – посочи надлежниот јавен обвинител.

Прашан дали се истражува одговорноста на директорот на болницата кој со денови не ги известувал надлежните институции и покрај тоа што дневно се примале стотици пациенти со исти симптоми, од Обвинителството потенцираа дека истрагата нема да поштеди никого доколку се утврди вина.

Се обидувам да го сфатам ова повеќе како забелешка за работата на директорот отколку како прашање, но на делот од прашањето ќе одговорам дека доколку се утврди одговорноста и кај него, истиот ќе биде опфатен. Значи, истрагата ќе ги опфати сите. Нормално е дека ние веќе имавме комуникација со болницата за состојбата – рече Исеини.

Пумпите во моментов се ставени надвор од функција и се обезбедува судска наредба за нивно демонтирање и одземање заради понатамошно вештачење. Од Обвинителството апелираа дека нивната надлежност е исклучиво кривично-правна, додека забраните за користење на водата се во домен на другите надлежни институции, кои веќе издале официјални соопштенија дека водата не е безбедна за употреба

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
Следна Статија По 30 дена притвор во Шутка за директорката и двајца раководители на гостиварски „Комуналец“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Соседна држава шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови

Соседна држава шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ,…

June 25, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Без гаранции од ЕУ за посебен македонски идентитет, јазик и култура нема уставни измени

Премиерот Мицкоски вчера упати конкретно барање до Европската унија за тоа како може да се одблокира евринтегративниот процес на Македонија.…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

Светозаревиќ: Ќе изградиме почисто, побезбедно и поуредено Тетово за сите генерации

Бранислав Светозаревиќ, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово, на вчерашниот митинг во рамки на изборната кампања под…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ обвинува за скандал со тендери во МЕПСО

Денес објавуваме еден од договорите што јасно покажува како се управуваат стратешките енергетски проекти на штета на јавниот интерес и…

May 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?