Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се менуваат закони за „Безбеден град“, најавени поригорозни мерки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се менуваат закони за „Безбеден град“, најавени поригорозни мерки
МАКЕДОНИЈА

Се менуваат закони за „Безбеден град“, најавени поригорозни мерки

Објавено July 5, 2025 12:08
Сподели
Сподели

За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој на прес-конференцијата за резултатите на МВР и сработеното за изминатата година одговорајќи на новинарско прашање за системот Безбеден град што треба да стартува од 1 јануари 2026 година најави поригорозни мерки за прекршоци во сообраќајот, меѓу кои и со конфискација на возило.

Кривичниот законик не е дирекнто поврзан со системот, но неговата измена и разграничување што е кривично дело, а што прекршок е клучна за да можеме да делуваме превентивно и во насока на она што сакаме да го оствариме, а тоа е намалување на бројот на собраќајни незгоди и намалување на бројот на човечки загуби. Бидејќи граѓаните треба да бидат свесни дека во иднина во однос на оние кои сообено безобзирно управуваат со моторни возила надвор од секаков разум ќе се оди со поригорозни мерки, односно ќе се оди и со конфискација на самото возило, рече Тошковски.

Оцени дека во земјите каде овој систем е имлементиран има видливи резултати и најави дека ќе има и во државава.

Овој проект е отпочнат пред многу години, за жал неговата функционалност не е видлива до ден денеска, отпочнат е пред повеќе од ако не се лажам десетина години, надоградуван е од страна на претходната влада, надограден е и дополнително во последната година дена и се надевам дека конечно резултатот од истиот ќе го видиме, рече министерот.

Додаде дека во однос на вкупната сума за „Безбеден град“ нема информации, но забалежа дека „е сигурно многу“. -И затоа греота е што досега не бил ставен во функција така како што требало, жално е, но ние ќе го ставиме во функција и граѓаните конечно ќе го видат бенефитот затоа што потенцијал има огромен, подвлече Тошковски.

Во отчетот министерот Тошковски рече дека се уште не е задоволен од фактичката состојба во сообраќајот.

Има напредок, има намалување на тешките несреќи и бројот на повреди, но се уште премногу луѓе гинат на улиците. Ова е едно од најважните работи на кои работиме, порача министерот за внатрешни работги Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ненадејно почина млада наставничка од Илинден
Следна Статија Ова не е буцни прачка, пиј вино, се постапува за случаи со дивоградби во Чаир, вели Тошковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд

Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд и нема да има никакви пречки за исплата во…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гори депонијата во Вардариште

Во земјава попладнево активен е еден пожар на отворен простор – гори депонија во Вардариште во Општина Гази Баба. Ова…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Возачот на Итната помош Иле Гоцевски ќе биде постхумно одликуван

Возачот на Итната медицинска помош кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група

Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат откако ќе биде направена стручна анализа од работна група.…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?