Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Силјановска-Давкова: Можност за пласирање на македонското вино и фармацевтските производи на казахстанскиот пазар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Силјановска-Давкова: Можност за пласирање на македонското вино и фармацевтските производи на казахстанскиот пазар
МАКЕДОНИЈА

Силјановска-Давкова: Можност за пласирање на македонското вино и фармацевтските производи на казахстанскиот пазар

Објавено May 29, 2025 11:49
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Астана, Република Казахстан, ќе учествува на Меѓународниот Астана форум 2025 и оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев.

-Вистински предизвик е да се разговара со претседателот Токајев за севкупните билатерални односи, но и за меѓународните, со оглед на неговиот научен, политички и висок дипломатски профил во рамките на ООН, истакана претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Обајцата изразивме спремност за проширување и продлабочување на односите во економијата и инвестициите, енергетскиот, градежниот сектор и обновливите извори на енергија, но и во културата, туризмот и науката, додаде во објавата.

Казахстан е респектабилен играч на економската и дипломатската сцена, чиј најголем трговски партнер и инвеститор е ЕУ. Ние сме мала држава со стратешка локација и поволна клима за инвестирање на казахстанските компании.

-Треба да се искористи можноста за пласирање на македонското вино со врвен квалитет, но и на фармацевтските производи на казахстанскиот пазар. Исто така, треба да се разгледа можноста за визна либерализација во фунција на туристичка соработка, по примерот на земјите од регионот, истакна претседателката Силјановска-Давкова.

Се согласивме дека светот мора да му се врати на мирот. Заклучивме дека е време за официјална државна посета во Скопје или Астана, потенцира во објавата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пандов: Дигиталната судница во Идризово заслужува почесто да биде користена, до крајот на годината ќе почне изградба на втората фаза од затворот
Следна Статија Апсење за сомнителни тендери во прилепската болница, проневера од неколку милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Во случај на итна кршина чаша“: Новите еко-автобуси на ЈСП со нови јазични бисери

Новите еко-автобуси во скопскиот јавен превоз, донирани од ЕУ, а произведени во Турција, по двомесечен застој вчера се вклучија во…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Професор Иван Саша Шихан: Македонија е пример за тоа како земјите во регионот можат да соработуваат со западните сили

Некои земји во регионот избраа поинаков пат, служејќи како модел за западната соработка во развојот на инфраструктурата, ова го истакна…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пресудата за возачот кој ја прегази Теодора на увид пред Судскиот совет

Судскиот совет ќе изврши увид во предметот за пресудата за 22-годишната Теодора Ристевска, која беше прегазена во сообраќајна несреќа во…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?