Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сите основни училишта ќе добијат примерок од македонскиот Правопис
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сите основни училишта ќе добијат примерок од македонскиот Правопис
МАКЕДОНИЈА

Сите основни училишта ќе добијат примерок од македонскиот Правопис

Објавено April 10, 2025 17:45
Сподели
Сподели

 По иницијатива на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во соработка со НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје, почнува акција за дистрибуција на примероци од Правописот на македонскиот јазик во сите основни училишта низ државата.

– Оваа активност е важен придонес кон подобрување на наставниот процес, подигнување на јазичната култура кај учениците и зачувување на македонскиот јазик како суштински дел од нашиот национален идентитет. Акцијата следи откако во депоата на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје беа откриени 2 600 примероци од второто издание на Правописот, кои цели седум години не биле дистрибуирани и биле чувани во несоодветни услови, иако првично биле наменети за сите јавни установи и институции, како и за лекторатите и библиотеките во земјава и странство, се наведува во соопштението од Кабинетот на Ѓорѓиевски.

По остварената средба меѓу претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски со директорот на НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје, Јовица Никчевски, како што се наведува во соопштението, се става крај на евидентираната институционалната негрижа и се обезбедува сите училишта во државата да поседуваат Правопис, ставен во функција на образовниот процес и грижата за македонскиот јазик.

– По извршен увид во архивата и документацијата на Библиотеката, утврдено е дека во 2018 година НУБ „Св. Климент Охридски“ аплицирала и добила проект од областа на заштитата на културното наследство (библиотечна дејност) од национален интерес од Министерството за култура за Правописот на македонскиот јазик. Вкупно 2 600 примероци требало да стигнат до сите јавни установи и институции во Република Македонија, како и до лекторатите и библиотеките надвор од државава, што очигледно не се случило, истакнал Ѓорѓиевски.

НУБ ,,Св. Климент Охридски” ќе достави 1000 примероци на ЗЕЛС кои ќе бидат распределени во сите основни училилишта во земјава, а ќе бидат опфатени и сите 950 на централните и подрачните училишта.

– Македонскиот јазик е нашето непроценливо богатство, темелот на нашиот идентитет и мораме да го сочуваме како нешто најсвето! Сакам да изразам огромна благодарност до директорот Јовица Никчевски, за неговата посветеност и грижа за зачувувањето на делата кои се од непроценлива вредност за нашата држава.  Ова значајно издание на македонскиот Правопис наскоро ќе биде достапно за нашите најмлади, бидејќи тие се оние преку кои нашиот јазик, нашето најголемо културно и духовно наследство ќе живее, изјавил претседателот на ЗЕЛС. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Казнена струмичка кланица: Испуштала крв во река
Следна Статија Протест на „Кој е следен?“: Повикуваме на будење и промени за подобри денови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Давкова: Помилувањето на затворениците не смее да се води од казната, туку од ресоцијализацијата

„Луѓето кои се во затвор не престануваат да бидат човечки суштества, тие имаат право на дигнитет и интегритет, и помилувањето…

February 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија во длабока демографска старост, иселувањето клучен проблем – младите сакаат да живеат во средена држава

Населението во Македонија старее и тоа многу брзо. Земјава е веќе во длабока демографска старост. Влезена е во процесот на…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

АРМ објави оглас за 300 нови војници

Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија.…

April 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица.…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?