Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето

Објавено October 15, 2025 19:40
Сподели
Сподели

Денот на белиот стап е потсетник дека разликите не не делат туку не зближуваат и прават побогати. Да создадеме и живееме во општество каде секој чекор, глас и допир се чувствува, оти има значење. Да ја чуваме светлината на човечноста, за да не престанеме да бидеме луѓе. Нема хендикепирани луѓе, има хендикепирано општество. Крајно време е од оваа држава да направиме пристојно место за сечиј живот“, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на отворањето на настанот по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје.

Сиљановска-Давкова нагласи дека белиот стап е многу повеќе од помагало и дека за неа ја симболизира слободата и овозможува независност, но и обврска дека 4 илјади наши сограѓани заслужуваат наши конкретни чекори.

Затоа денешниот ден не е само одбележување, тој не потсетува дека вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето. Тој е повик до сите да ги отвориме очите и да го видиме светот низ призмата на разбирање, почит и емпатија. Да не заборавиме белиот стап симболизира достоинствен животен пат, но и општествена обврска да создадеме градови што се пристапни, безбедни и хумани“, порача Сиљановска Давкова.

Претседателката порача дека посакува сите да подаваме раце кога е потребно, да бидеме глас на оние што не се слушаат доволно, да бидеме светлина и да дадеме почит на сите храбри луѓе со оштетен вид кои со мир и спокојство секојдневно ни покажуваат дека животот не се мери со она што го гледаме, туку со она што го чувствуваме и претвораме во дела.

Не смееме да си ја префрламе одговорноста едни на други и да ги релативизираме проблемите. Четири илјади наши сограѓани со оштетен вид заслужуваат акција, разбирање и конкретни практични решенија. Да потсетам дека во Советот на млади именував лице со оштетен вид – Кристијан, и не е Кристијан хендикепираниот таму, туку советот е хендикепиран без Кристијан, ова е мојата порака, дека секој млад човек независно од животните околности има право не само да биде чуен, туку и активно да учествува во обликувањето на политиката и општеството во кое живее“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека мракот не може да ја победи светлината на човечката душа.

Директорката на училиштето Александра Јаковчевска, порача дека училиштето и ресурсниот центар „Димитар Влахов“ повеќе од седум децении е срцето на образованието на лицата со оштетен вид и симбол на независност, достоинство и еднаквост.

Белиот стап не е само помагало, туку инструмент на самодоверба, што секое дете го учи на независност и дека секое ограничување може да го надмине… Кога зборуваме за пристапност, за Денот на белиот стап, зборуваме за вредности и за кое гледа подлабоко од видот. Општество кое ги препознава способностите наместо ограничувањата, и кое верува дека инклузијата не е проект, туку став. Нашата заедничка цел е едноставна, но суштинска, да создадеме општество каде секој ученик може да учи, да се движи и расте без пречки. Да живееме во земја каде Белиот стап не е симбол на немоќ, туку симбол на сила“, порача Јаковчевска.

Образованието и раната обука на лицата со визуелна попреченост за ориентација и мобилност со белиот стап, Јаковчевска нагласи дека е многу важна и според истражувањата значи и до 50 проценти поголема самостојност во секојдневниот живот, подобра просторна ориентација и посилно чувство на сигурност.

Како државно училиште со ресурсен центар сме горди што покрај основното образование, средното стручно, музичкото образование и ученичкиот дом, обезбедуваме поддршка и за учениците со оштетен вид, вклучено во редовните училишта во целата држава. Оваа учебна година е особено значајна од причина што за првпат во историјата на средното образование во Македонија е обезбедена образовна асистенција за ученици со попреченост, вклучувајќи ги и учениците со оштетен вид. Оваа поддршка и асистенција се реализираат токму преку нашиот ресурсен центар, тоа е конкретен чекор напред кон вистинска инклузија, создава еднакви можности и ја отвора вратата за квалитетно образование на сите“, изјави Јаковчевска.

Славењето на 15 октомври како Меѓународен ден на белиот стап службено започнало во 1964 година. Истиот ден се одбележува и во нашата земја. Имено, белиот стап како симбол на слепите лица е воведен во 1981 година како би им го олеснил движењето на слепите лица меѓу автомобилите.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија формиран во далечната 1946 година, речиси 7 децении дејствува како национална, инвалидска, непартиска, непрофтина хуманитарна организација од особено општествено значење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: БРТ и градски воз – проекти за решање на јавниот превоз и сообраќајниот хаос во Скопје
Следна Статија 18 години без Тоше – ја обедини Македонија со својот глас и своето големо срце

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Објавена меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Министерството за внатрешни работи објави национална и меѓународна потерница за поранешниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Ковачевски е недостапен…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

И скопската обиколница затворена поради пожарите

Поради разгорување на пожарите, од 17 часот затворена е за сообраќај скопската обиколница од клучка Арачиново до клучка Приштина, информира…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Кадровскиот потенцијал кој треба да го освежи Судскиот совет треба да биде со импозантна цел пред себе, но и институционална меморија зад себе

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА вели дека овој состав на Судскиот совет можеби има легалитет, но нема…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Колемишевски: Ќе гласаш чобани да ти водат општина, па со твои пари ќе ти кажуваат што е култура и модерно

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи за балканските музички ѕвезди кои периодов настапуваат во неколку македонски градови. Цеца, Харис Џиновиќ, Марија…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?