Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Државниот обвинител треба да е бескомпромисен борец за почитување на законите и владеењето на правото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Државниот обвинител треба да е бескомпромисен борец за почитување на законите и владеењето на правото
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Државниот обвинител треба да е бескомпромисен борец за почитување на законите и владеењето на правото

Објавено December 10, 2025 12:52
Сподели
Сподели

Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија и ќе претставува круна на целиот обвинителски систем е профилот на личност, кој денеска го изнесе претседателката Гордана Сиљановска Давкова, одговарајќи на новинарско прашање каква личност смета дека треба да биде на највисоката позиција во обвинителскиот систем во државата.

Сиљановска Давкова во однос на последната одлука на Владата за продолжување на постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и нејзино доставување до Собранието, напомена дека во државата има јасна поделба на власта и дека иако таа има професорски бекградунд, сепак во моментов настапува и изнесува став како како шеф на државата и оти за избор и разрешување на обвинител постојат јасни законски прописи.

– Каков профил на јавен обвинител сакам, сакам бекомпромисен борец за почитување на законите, бидејќи јавните обвинители се надлежни за гонење на сторителите на кривични дела, а колку се важни ќе ви кажам, во некои земји како во Британија јавниот обвинител, по функција е член на Владата во поширока смисла, некој кој ќе биде заколнат борец за владеење на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија, некој кој што ќе биде круна на целиот обвинителски систем, бидејќи ако нема промени во обвинителскиот систем нема да има ниту успешни судски реформи. Затоа јас се израдував многу кога министерот за правда, односно Владата целиот пакет закони, што ретко се случувало кај нас, го испрати на Венецијанската комисија, дури и присустував дента, кога поминаа некои закони и добија мислење, рече претседателката, по отворањето Меѓународниот форум насловен „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина”, организиран од Регионалната мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN).

Таа нагласи дека овие закони не одат на хармонизација, бидејќи нема директиви и регулативи за оваа материја, односно строгиот тест на Венецијанската комисија е доволен за да се најдат во постака.

-Ја охрабрувам Владата и Министерството за правда да ги испрати законите во Собранието за навистина да создадеме прв нормативен исчекор кон поинаков начин на регрутирање и на судии и на луѓе во Судскиот совет, рече Сиљановска Давкова, додавајќи дека во комисиите кои работеле на законите учествувале врни експерти, но и претставници на ЕУ во рамки на планот за владеење на правото.

Таа додаде оти смета дека навистина има гаранција барем нормативно да се направи голем исчекор за да се справиме со најголемиот проблем – коруцијата и криминалот, за кои, додаде дека не се само проблем кај нас. Според Евробарометар, дополни претседателката, корупцијата и криминалот денес се најтешките проблеми во перцепцијата на сите европски граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лос Анџелес Чарџерс ја изненади Филаделфија во продолжение со победа со 22-19
Следна Статија Вашите Google Play Points можеби кријат таен попуст од 200 долари за Pixel 10 Pro

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Филипче: На чекор сме од Европа, тој чекор мора да го направиме сами, но заедно и обединето

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Нема трајно вработување за образовните асистенти

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека барањето на родителите на деца со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Разговаравме за актуелните теми, приближувањето на нашата земја кон Европската Унија и конечно формалното отпочнување на преговорите,напиша премиерот Мицкоски во…

November 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“

До крајот на април се очекува сите измени на закони поврзани со безбедноста на сообраќајот во државата да бидат доставени…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?