Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на ТИКА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на ТИКА
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на ТИКА

Објавено April 18, 2026 14:55
Сподели
Сподели

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, на којашто беше потврдена одличната соработка и силното македонско-турско партнерство.

Претседателката се заблагодари за континуираната и значајна поддршка од ТИКА, којашто со над 1.300 реализирани проекти има видлив и траен придонес во повеќе сектори: образование, здравство, културно наследство и инфраструктура.

За неа, особено важна е помошта во здравствениот сектор, особено инвестицијата во современа медицинска опрема за Клиниката за радиотерапија и онкологија, што придонесува за унапредување на јавното здравје, како и минатогодишната донација за Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Сиљановска-Давкова ја истакна важната улога на турската заедница во македонското општество, чии идентитетски права се не само уставно загарантирани, туку во голем степен и реализирани.

Обајцата се согласија дека постои спремност за надминување на проблемите врзани за образованието на мајчин јазик на Турците. Според Претседателката, тие не се резултат на системска политика, туку на слабости на локално ниво.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување и проширување на македонско-турската соработка преку нови конкретни проекти со ТИКА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж од Битола заработи кривична: Вршел полови дејствија пред неговиот малолетен син и му покажувал порнографија
Следна Статија Иран отвори шест аеродроми за меѓународни летови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини

Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на…

January 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Линеарно зголемување на платите за вработените во МВР

Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР…

March 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми рече дека до крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада,…

June 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Лидерска средба утре во Клуб на пратеници

Утре, 14 јануари, во 12 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи меѓупартиска лидерска средба на покана на премиерот…

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?