Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопска гинекологија ќе добие современ ин- витро центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Скопска гинекологија ќе добие современ ин- витро центар
ЗДРАВЈЕ

Скопска гинекологија ќе добие современ ин- витро центар

Објавено May 21, 2025 18:54
Сподели
Сподели

Со 27 милиони денари (околу 440 илјади евра) ќе се прави современ, модерен ин витро центар, најави денеска директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), д-р Ирена Алексиоска-Папестиев.

„ГАК секогаш ги воведувала најновите современи техники, и дијагностички и терапевтски. Во 2000 кај нас е направено првото ин витро и е родено првото ин витро бебе. За жал, 4 години немаше ин витро на нашата Клиника, но од ноември 2024 е почнато повторно да се работи. Во програмата на Владата и Министерството за здравство се одобрени 27 милиони денари за осовременувње на застарената опрема која 15 години не е обновена и се надевам дека по завршувањето на овој проект повторно ќе можеме да ги следиме светските трендови. Тоа е исклучително важно за држава како нашата затоа што за жал на сите ни е јасно дека наталитетот ни е во опаѓање“, рече директорката.

Инаку од денеска почна комплетното реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје. Реконструкцијата е во износ од 29 милиони денари со што, се очекува, да се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска Папестиев истакна дека со оваа инвестиција ќе бидат реконструирани и реновирани платото пред самата Клиника, чекалните, амбулантата, лабораториите и специјалистичките кабинети, со цел, како што рече, пациентите да добијат побезбеден пристап до Клиниката, како и поефикасна и поквалитетна дијагностика и третман.

Со цел унапредување на здравствените услуги, како и подобрување на здравствената заштита на жените во нашата држава најавуваме значајна инвестиција на Клиниката за гинекологија и акушерство. На нашата Клиника има голема фреквенција. Најголемо родилиште со околу четири илјади породувања, операции минимални до сложени гинеколошки кои се околу пет илјади и 73 илјади специјалистички и супспецијалистички прегледи. Целата оваа фреквенција, како и неводењето грижа за одржување најавува потреба од една инвестиција од 29 милиони денари, со која што ќе биде реализирана до крајот на оваа година, соопшти директорката на Гинекологија.

Алексиоска Папестиев информира дека за пружење поквалитетна заштита на жената овозможиле кратење на листата на чекање преку набавувањето опрема на минимална инвазивна хирургија во вредност од 32 милиони денари, која, како што посочи, овозможува побрзо пациентката да ја испуштиме дома и на тој начин да се намали листата на чекање кај овие пациенти.

Премиерот Христијан Мицкоски упати благодарност до персоналот, докторите, медицинскиот персонал, сите кои што се дел од јавното здравство, кои се дел од оваа клиника, кои, како што рече, имајќи ги предвид условите во кои што работат – даваат натчовечки напори да направат нешто повеќе и за граѓаните, но и за самото јавно здравство.

-Ние како Влада, ќе продолжиме и понатаму да инвестираме и да помагаме, се разбира, колку што можеме. Оваа година буџетот на Фондот, ако се спореди со оној буџет да речеме ковид годината 2020, 2021 е за некои 18 милијарди денари повисок, тоа е околу 300 милиони евра, што е значителна сума. Дали е доволно? Никогаш не е доволно. Но ако имате близу 900 милиони евра буџет, тогаш тоа е нешто што е значајно, бидејќи 53 милијарди денари е буџетот. Знаете дека се зголемија платите и за медицинскиот персонал и за техничкиот медицински персонал, за докторите. Така и ќе продолжиме, имаме една динамика која што е утврдена, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
Следна Статија Трајко Славески е предлогот за нов гувернер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Филипче алармира: Има директори кои земаат пари за дежурства, а никогаш не се појавиле на клиника!

Скандалозни злоупотреби, хаос во здравството и директна загрозеност на животите на пациентите – ова го открива претседателот на СДСМ, Венко…

February 2, 2025
ЗДРАВЈЕ

Внимание трудници: Овие 3 овошја можат да бидат ризични во бременоста

Овошјето важи за симбол на здравјето – полно витамини, минерали и природни шеќери. Но, кога сте бремени, не е секое…

June 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зафировски: Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите и во интерес на нашите граѓани

Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите закони што директно го засегаат здравјето на сите наши граѓани.…

February 3, 2026
ЗДРАВЈЕ

Дали треба да се мијат бананите?

Пред да каснете јаболко или да додадете бобинки во овесната каша, проверете дали сте ги измиле. Кога станува збор за…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?