Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скупи – Римскиот град под Зајчев Рид, археолошки бисер кој во себе крие неистражени тајни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скупи – Римскиот град под Зајчев Рид, археолошки бисер кој во себе крие неистражени тајни
МАКЕДОНИЈА

Скупи – Римскиот град под Зајчев Рид, археолошки бисер кој во себе крие неистражени тајни

Објавено August 20, 2025 17:52
Сподели
Сподели

На падините на Зајчев Рид, во близина на скопската населба Злокуќани, се наоѓа едно од најзначајните археолошки места во Македонија – римскиот град Скупи. Денес, оваа локација е тивка, но нејзините камени остатоци зборуваат за еден свет кој некогаш бил жив, моќен и културно богат.

Скупи, познат по своето римско име Colonia Flavia Scupinorum, бил вистински метрополис во своето време. Основан на преминот меѓу I век пр.н.е. и I век н.е., градот се развил од воен логор во просперитетна колонија, каде што се вкрстувале патиштата на римските легии, локалните староседелци и христијанските свештеници.

Археологот Игор Кузмановски вели дека Скупи бил најголемиот римски град на територијата на денешна Македонија.

-Скупи е многу значаен римски град, тој е најголемиот римски град во Република Македонија и единствен со статус на колонија. Тоа е највисок самоуправен ранг што еден римски град може да го добие, вели Кузмановски, кустос археолог од Музејот на Град Скопје, во разговор за МИА.

Според достапните информации на МАРХ, Скупи започнал да се формира во I век п.н.е., кога римските легии го преминале фронтот на Скопската Котлина и поставиле воен логор (каструм) на стратегиски важната локација кај Зајчев Рид. По завршувањето на воените кампањи, логорот постепено се трансформирал во цивилна населба, а во II век н.е. територии од регионот биле доделувани на ветерани од римската војска, што придонело за развојот на Скупи во самоуправна римска колонија.

За време на владеењето на Диоклецијан, кон крајот на III век, Скупи станал главен град на новоформираната провинција Дарданија, достигнувајќи врв на урбан и економски развој. Сепак, неговиот напредок бил прекинуван од варварски напади, а конечното разурнување било предизвикано од катастрофален земјотрес во 518 година, по што населението го напуштило градот. На неговите руини се развиле помали населби, а главната градска активност се префрлила кон локацијата на денешното Скопско Кале, каде што Скопје продолжило да се развива од средниот век па сè до денес.

Локалитетот за прв пат се заштитува како културно наследство по земјотресот во 1963 година.

-Скупи систематски се истражува од 1967 година и најголем дел е истражен во централното градско подрачје каде што се откриени неколку јавни објекти. Во текот на овие истражувања собрана е колекција од околу 70 илјади предмети со кои располага Музејот на град Скопје, дел се изложени во постојаната поставка, дел се работи на нивна конзервација, вели Кузмановски.

Од империјалниот период, како еден од најзначајните објекти тој го издвојува римскиот театар со капацитет од околу 9000 гледачи – еден од најраскошно украсените театри во Македонија.

– За жал, од четирите театри што ги имаме, тука е најмалку сочуван затоа што дел од неговите камења и ѕидови биле подоцна искористени за изградба на други градби, вели Кузмановски. 

Како особено значајна, Кузмановски ја издвојува и скулптурата Венера Пудика, откриена во римската терма – ремек-дело од бел ситнозрнест мермер, кое плени со својата убавина.

Во IV век, Скупи станува духовен центар, седиште на епископија, а подоцна и архиепископија. Градот бил посетен од царот Теодосиј I, кој издал два царски указа токму од тука. Изградени се христијански базилики, градски палати, бањи и улици, кои сведочат за високо развиена урбанистичка структура.

Цивилната базилика, со својата апсидна сала и мозаичен под, била центар на јавниот живот – тука се решавале судски спорови и се склучувале трговски договори. Христијанската базилика, пак, со својата тробродна структура и крстилница, сведочи за духовниот подем на градот во доцната антика.

-Скупи е огромен локалитет, еден од најголемите и најзначајни римски градови не само во Македонија туку и на Балканот. Скупи е римска колонија во која заслужните римски ветерани добивале земја и се населувале. Доаѓале од различни делови на империјата – од Сицилија, Италија, Грција, па дури и од Блискиот Исток. Станува збор за мултикултурно место, вели Панче Велков, директор на Музејот на Град Скопје во разговор со МИА.

Тој нагласува дека е неопходно понатамошно истражување за да се дефинираат повеќе аспекти од неговата историја.

Денес, Скупи не е само археолошко наоѓалиште – тој е мост меѓу минатото и сегашноста, потсетник на богатата историја на Скопје и Македонија. За љубителите на историјата, археологијата и културното наследство, ова место е вистинска ризница што чека да биде откриена – повторно и повторно

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девојка со посебни потреби нападната во хотел, насилникот приведен
Следна Статија Мицкоски за случајот Кочани: Оставам на обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Родителите со порака до пратениците: Голема НЕ(благодарност) за поддршката

Попладнево во Кочани започна уште еден протест за подршка на семејствата на жртвите и повредените во страшниот пожар во кој…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за постигнатиот напредок за железничкиот Коридор 8: Така треба да се гради доверба, заеднички да се реализираат проекти

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок за доизградбата на Коридорот 8, а кој е постигнат меѓу Скопје и…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

МАЛИ ХЕРОИ И НАША ГОРДОСТ: Четворица четвртооделенци спасија човечки живот (ФОТО)

Четвртооделенците, Марко Ташков, Ристе Димитров, Михаил Трајчев и Давид Илиев од штипското Општинско основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“ се млади…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Со двојно поголем буџет, Мицкоски сака македонските универзитети да влезат во првите 1.000 на Шангајската листа

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека буџетот за науката е двојно зголемен во споредба со минатата година, достигнувајќи околу 650–660 милиони…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?