Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Инфлацијата е непопуларна и Владата знае, за една-две години ќе имаме ниска стапка на инфлација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Инфлацијата е непопуларна и Владата знае, за една-две години ќе имаме ниска стапка на инфлација
ЕКОНОМИЈА

Славески: Инфлацијата е непопуларна и Владата знае, за една-две години ќе имаме ниска стапка на инфлација

Објавено August 31, 2025 17:09
Сподели
Сподели

На Владата не ѝ одговара да има висока инфлација и на највисоко ниво таа е свесна за тоа. Кога одат политичарите на избори, знаат дека меѓу граѓаните растот на инфлацијата е непопуларно. Кај нас ја има поради шокови однадвор или однатре, вели гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

„Факт е дека инфлацијата во еврозоната или дезинфлацијата оди побрзо од што во Република Македонија. По моја оцена, тоа се должи на се уште присутните инфлациски очекувања во државата коишто не успеавме во изминатиот период до крај да ги потиснеме. Кога велам инфлациски очекувања, мислам на тоа дека постои верување дека цените и натаму ќе растат и самото тоа ја храни инфлацијата само од себе“,изјави Славески.

Тој анализира како се манифестира инфлацијата во државата и, меѓу другото, своите анализи ги темели на промените во релативните цени.

„И производителите очекуваат дека ќе растат цените и се обидуваат да постигнат повисока цена. Граѓаните се приспособуваат, работниците притискаат за повисоки плати и така натаму… Ние имаме заради некои шокови од надвор или од внатре, промени во цените на некои производи и услуги, на пример оваа година кај овошјето и зеленчукот заради познатите причини – лоши временски услови, коишто придонесуваат за зголемување на стапката на инфлација, но од друга страна значат промена во релативните цени. Овошјето и зеленчукот стануваат поскапи во однос на некој друг производ“,вели Славески.

Гувернерот на Народна банка очекува процесот на дезинфлација да продолжи и во наредните година две, државата ќе успее да се приближи до историските нивоа на стапката на инфлација од 2 проценти.

„Верувајте, јас сум убеден дека на Владата не ѝ одговара висока инфлација и Владата на највисоко ниво е свесна за тоа, затоа што познато е дека инфлацијата, посебно во последниве пет-шест години, и на глобално ниво е на некој начин ги има сензитивизирано граѓаните. И сега ако зборуваме за политиката, политичарите оние кои што одат на избори, тоа значи дека не е популарно. Граѓаните се на некој начин алергични, имаат аверзија кон инфлацијата и оние влади и политики коишто ќе испорачаат пониски стапки на инфлација подобро поминуваат“,вели Славески меѓу другото во интервју за РСЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар на Вардариште: Речиси цел Аеродром е без струја
Следна Статија Младо момче уапсено во Крива Паланка откако нападнал полицаец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот

Народната банка утре ќе ја објави бројката за инвестициите во 2024 година со исклучителна, огромна, историска реализација од мај натаму.…

February 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Дали ни е потребна контрола на маржите во изградбата на станови?

Во 2020 година, просечната цена на еден квадратен метар станбена површина во Општина Центар, Скопје, изнесувала околу 970 евра. До…

February 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција

По осум успешни години на чело на Халкбанк АД Скопје, главниот извршен директор Билал Суџубаши ја продолжува својата професионална кариера…

August 27, 2025

СандиСк достигнува историски врв: Пазарот на меморија се подготвува за огромен раст

Технолошкиот гигант бележи импресивен раст во индустријата на дигитални мемории

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?