Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Создаден простор да се намалат надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Создаден простор да се намалат надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните
ЕКОНОМИЈА

Славески: Создаден простор да се намалат надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните

Објавено July 16, 2025 16:42
Сподели
Сподели

Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов модел на надоместици што банките ги плаќат за услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС). Со оваа промена, како што рече денеска гувернерот Трајко Славевски се воспоствува поедноставна и поконкурентна структура на тарифите, а тоа ќе овозможи пониски трошоци за електронските плаќања и ќе придонесе за поевтини услуги кон граѓанте и компаниите.

Одлуката стапува во сила на 1 август по што се очекува дека банките ќе покажат разбирање за јавниот интерес и за придобивките за економијата во целина од едноставните, лесно достапни и евтини платежни услуги во државата.

Новото решение е резултат на детални анализи и отворен дијалог со банкарскиот сектор, заради приспособување кон современите пазарни услови и европските практики. Воспоставениот модел го поедноставува и ги намалува трошоците на банките за порамнување на трансакциите кај НБ, што создава простор за намалување и поедноставување на надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните – истакна Славески.

Тој сооопшти и дека Советот на Народната банка воведе тарифа за плаќањата на државните органи во евра со земјите од СЕПА во фиксен износ од 3 евра по трансакција за електронски иницираните налози и 5 евра за налозите иницирани на хартија.

Според гувернерот, наместо просечните 14 евра по трансакција преку коресподентно банкарство, со новиот тарифник се воведува фиксен надомест од три евра за електронски плаќања и од пет евра за хартиени.

Ниските и фиксни надоместоци по трансакција, во споредба со варијабилните надоместоци во зависност од износот на трансакцијата коишто ги налагаат сложените кореспондентски аранжмани со странските банки, треба да доведат до значителна заштеда за државата при извршувањето на плаќањата на државните органи со европските земји. Одлуката е донесена во контекст на приклучувањето на нашата земја кон СЕПА и фазата на усогласување со европските стандарди којашто е во тек, а со која се создава основа за пошироко намалување на трошоците за прекуграничните плаќања во евра, како од страна на Народната банка за државните органи, така и од страна на банките за своите клиенти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: На одличен пат сме да обезбедиме енерегетска независност и конкурентност на индустријата на странските пазари
Следна Статија СДСМ: Тошковски живее во паралелен свет – Македонија никогаш не била понебезбедна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП: Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал

Управата за јавни приходи ја информира дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Утре ќе се знае цената на струјата од 1 јануари?!

Регулаторната комисија за енергетика утре на прес-конференција ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за…

December 1, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: И во 2025-та очекувам висока бројка на странски директни инвестиции

-2024 година ја завршивме со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра со што…

March 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73. седница на Собранието. Во текот…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?