Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Mожна e корекција на основната каматна стапка ако има натамошни инфлациски притисоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Mожна e корекција на основната каматна стапка ако има натамошни инфлациски притисоци
ЕКОНОМИЈА

Славески: Mожна e корекција на основната каматна стапка ако има натамошни инфлациски притисоци

Објавено May 21, 2026 15:06
Сподели
Сподели

„Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов.

Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења коишто, по период на дезинфлација, повторно бележат забрзување во март и април, под влијание на надворешни фактори, пред сè на растот на цените на енергентите.

Славески појасни дека претходно економијата била блиску до стабилизирање на инфлацијата на ниво од околу 2,5%, но дека последните геополитички случувања придонесле за промена на трендот и за зголемена неизвесност кај ценовните движења.

Тој истакна дека монетарната политика мора да биде внимателна и балансирана, бидејќи пребрзото затегнување може да предизвика забавување на економскиот раст, додека задоцнетата реакција може да доведе до вградување повисоки инфлациски очекувања.

Гувернерот додаде дека основната каматна стапка е главниот инструмент во одржувањето на ценовната стабилност, но дека Народната банка располага и со други инструменти, вклучително и макропрудентни мерки за зачувување на финансиската стабилност.

Народната банка и во иднина внимателно ќе ги следи економските показатели и ќе носи одлуки врз основа на поширок збир податоци за инфлацијата и за економските движења, при што во фокусот и натаму ќе биде одржувањето на ценовната стабилност на среден рок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена пронајдена со прострелна рана во главата во скопско село
Следна Статија Tрамп најави ќе ги заплени резервите на збогатен ураниум на Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во среда слетува првиот авион од Париз, Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

Од среда Скопје и Париз се поврзуваат со директна авиолинија, а како што посочува генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат…

March 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трамп избира кариерен службеник да раководи со агенцијата за статистика чиј претходен шеф го отпушти

Агенцијата е без постојан лидер од август кога Трамп го отпушти претходниот комесар Ерика МекЕнтарфер поради послаб извештај за вработувањето.

February 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Околу 70 илјади работници во Македонија не ја земале ноемвриската плата навреме

13 отсто од вработените во Македонија, или околу 70.000 работници на 16 декември не ја земале ноемвриската плата, покажуваат податоците…

December 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

„Оваа година 2024 година беше година на стабилизација, односно слободното паѓање кое што ни се случуваше престана и полека почнавме…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?