Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Следното рочиште за „Пулс“ на втори декември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Следното рочиште за „Пулс“ на втори декември
МАКЕДОНИЈА

Следното рочиште за „Пулс“ на втори декември

Објавено November 25, 2025 16:54
Сподели
Сподели

Судијката Диана Груевска Илиевска информираше дека утрешното рочиште се отповикува, а на следното рочиште треба да бидат повикани и останатите законски застапници на оштетените за да може и тие да се произнесат.

-Со оглед да сите денес присутни полномошници на оштетените и на законските застапници на оштетените во името на истите дадоа изјава по однос на оштетното побарување, кривичниот прогон и начинот на остварување на штетното побарување Судот во овој момент ќе ја прекине постапката, но воедно и ја отповикува наредбата за главна расправа за 26 ноември, со оглед да е потребно да се повикаат и останатите оштетени и законски застапници на оштетените, а за дел од истите од страна на Обвинителството не се доставени точни адреси за судот да може да ги повика и обезбеди нивно присуство за утрешниот ден, а и од причини што интегрираниот текст на обвинението и доказите во текот на денешниот и утрешниот ден ќе се достави и за дел од одбраната за истите да имаат време до следната закажана главна расправа да може да се запознаат со истите, изјави судијката Груевска Илиевска.

Пред почетокот на денешното рочиште, дел од одбраната реагираше дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат воведни зборови, по што Судот даде пауза од половина час за да одлучи како ќе се продолжи.

Судијката информораше дека Судот ги прифаќа приговорите на дел од бранителите дека обвинението интегрирано со листата на докази не е доставена до обвинетите, и дека Судот во текот на денешниот и утрешниот ден до сите обвинети ќе изврши достава.

-Судот ги прифаќа приговорите на дел од бранителите дека обвинението интегрирано со листата на докази не е доставена до обвинетите, а со оглед да бранителите не прифаќаат доставата да се изврши преку нив, Судот во текот на денешниот и утрешниот ден до сите обвинети ќе изврши достава, изјави судијката.

Во однос на временската рамка и приговорите кои ги истакнаа дел од бранителите, Судот посочи дека, истите ќе можат да ги истакнат и во воведни зборови, по што ќе бидат ценети од Судот.

-Советот смета дека не станува збор за ново обвинение бидејќи во конкретниот случај во интегрираното обвинение не се воведени нови дејствија, обвинети, место на извршување, оштетени и дека не е сменета фактичката состојба, ниту е дадена нова правна квалификација, изјави судијката.

За да нема проблем на одолговлекување на постапката, Судот донесе одлука денеска главната расправа да продолжи со изјаснување по однос на оштетени побарувања и на кривичен прогон на денеска присутните оштетени и законските застапници на оштетените.

Одбраната на дел од обвинетите, пред почетокот на денешното рочиште, реагираше до Судот и дека доказната документација е целосно несредена и хаотична и бараа да им бидат доставени сите докази.

Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки. Покрај обвинетите, во судницата се присутни и роднини на настраданите во несреќата, претставници на обвинителството и на одбраната, домашни и странски новинари.

Трагедијата од 16 март 2025 година, според Обвинителството, е резултат на систематска негрижа и игнорирање на безбедносните закани: дискотеката функционирала без противпожарен систем, со затворени прозорци, лесно запаливи и токсични материјали и само еден излез за евакуација, додека во критичната вечер бил дозволен неконтролиран влез на над 600 гости, меѓу кои и деца по полноќ, без проверки за опасни средства. Настапот на групата ДНК бил претходно договорен со употреба на пиротехника, а вградените материјали – особено сунѓерот на плафонот – при согорување ослободиле смртоносни гасови, што во услови на недоволни излези довело до загуба на млади животи и катастрофални последици.

Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 37 обвинети од кои 34 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Обвинети се Дејан Јованов, Митко Стојанов, Михаил Јованов, Гроздан Милковски, Милка Едровска, Тодор Јованов, Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков, Николчо Гоцев, Ратко Димитровски, Николчо Илијев, Љупчо Папазов, Јане Јанчески, Лазар Захариев, Ивица Грозданов, Мартин Горгиев, Стојанчо Димитријев, Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути, Џеват Селами, Љупчо Грнчиштанов, Ваљон Сараќини, Крешник Бектеши, Џеваир Камбери, Шовкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи, Миле Ампов, Блашка Ефтимова, Весна Кузмановска, Емил Митев, Размена Чекиќ-Дуровиќ, „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ Кочани, РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШНС, ВЕНЦИ ПРОЕКТ ДООЕЛ Кочани.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо
Следна Статија Украина постигна договор со САД за условите на потенцијален мировен договор со Русија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Вашингтон: Македонија на фронтот против илегалната миграција и силна поддршка за Трамп

Мицкоски истакна дека Македонија е на „линијата на фронтот“ во борбата против илегалната миграција, потенцирајќи дека неговата влада е посветена…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Вкупниот број на хоспитализирани е 117, a 13 се испратени на лекување во странство

Министерот за здравство, Арбен Таравари, соопшти дека сите пациенти повредени во трагедијата се згрижени и се во стабилна, релативно добра…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

„ИЗГУБИВМЕ ГОЛЕМ ЧОВЕК, ТОЈ ГО НАПРАВИ СВЕТОТ ПОДОБРО МЕСТО…“ Колегите со потресни зборови се простија од Васко, научникот од Македонија кој загина во Нови Сад

Васко Саздовски, научник од Македонија, загина во петокот во Нови Сад, кога се урна бетонска настрешница од зградата на железничката…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен

На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?