Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата
МАКЕДОНИЈА

Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата

Објавено April 22, 2025 14:47
Сподели
Сподели

Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување и дополнување на закони, меѓу кои и на Законот за градење, Законот за медиуми и Законот за минимална плата. Без расправа едногласно со 82 гласа „за“ на второ читање беше проследен и Предлог законот за енергетика.

Во образложението за потребата од носење на Законот за енергетика министерката за енергетика Сања Божиновска рече дека претставува обврска за транспонирање на европското законодавство поврзано со Пакетот за чиста енергија, посочувајќи дека рокот на земјава за транспонирање на директивите и регулативите од Пакетот за чиста енергија е изминат повеќе од една година.

Со новиот Закон за енергетика, додаде, се спроведуваат неколку важни чекори од реформската агенда како што се спојување со пазарот на електрична енергија на ЕУ и приклучување на европскиот пазар на ден однапред, согласно барањата на Енергетската заедница. Се предвидува и ранливите потрошувачи освен од Универзалниот снабдувач да може да се снабдуваат и од друг снабдувач со електрична енергија.

Законот за изменување и дополнување на Законот за градење беше донесен со 65 гласа „за“ и 10 „против“, а како што рече заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири со измените се предвидува компаниите да имаат лиценци за вршење на градежни активности, а доколку работат спротивно на законот да им се одземаат лиценците во областа на градежништвото.

Изгласани беа и измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за Европски работнички совет, на Законот за евиденциите во областа на трудот, на Законот за практикантство, на Законот за правна заштита на услугите кои се засноваат на, или опфаќаат, условен пристап, на Законот за мирно решавање на работните спорови, на Законот за стечај, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за надзор на пазарот, на Законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за процена и на Законот за авторското право и сродните права.

Едногласно со 79 гласа „за“ беа донесени дополнетите предлог одлуки за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата.

Собранието денеска ја именува Христина Серафимовска од Штип, дипломиран економист и доктор на економски науки за директор на Агенцијата за квалитет во високото образование. Помина и одлуката за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител. Контролата ќе ја вршат Здружение на граѓани ЦЕНТАР ЗА РЕГИОНАЛЕН ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ од Неготино, Здружение на граѓани за остварување и унапредување на човековите права, одржлив локален и рурален развој и прифаќање на културната разноличност ЕДИНСТВО НА ЗАЕДНИЦИТЕ од Скопје и Здружение за поттикнување и промоција на информатиката АСОЦИЈАЦИЈА НА СТУДЕНТИ И ИНФОРМАТИЧАРИ од Скопје.

Со 9 гласа „за“ и 68 „против“ Собранието не го прифати Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2024 година. Не беше прифатен и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година, бидејќи „не ги постигнал целите“, иако претходно едногласно беа прифатени Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година, Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година и Годишната програма за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година. Ова пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ го оцени како лицемерие.

-Гласате против оваа точка иако претходно ги прифативте сите три точки кои се однесуваат на Годишниот извештај. Кога не ви се допаѓаат луѓето ќе ги разрешите. За оваа точка гласањето за е заради тоа што луѓето кои во овој момент ја водат комисијата не се ваши и продолжуваат да работат овие кои ги окарактеризирате како политички. Ретко ќе најдете институција која има 98 отсто успешност во работењето. Не може да се каже дека заради непрофесионалност ова раководство не чини, рече Битиќи.

Во реплика Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ рече не се работи за „ваши или наши и за подобни или неподобни, туку за луѓе кои непрофесионално си ја вршеле работата и богателе криминалци на сметка на граѓаните“.

-Очекуваме тие кои ќе дојдат дека ќе одлучуваат професионално. Седум години цела држава знаеше како се делат тендери, а само овие во комисијата не знаеле и не виделе, рече Стојаноски.

Собранието со прост премин го заврши претресот по годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации за 2024 година, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година, и на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година.

Кога ќе има услови, како што информира претседателот на Собранието Африм Гаши, ќе бидат разгледани годишните извештаи на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и на Агенцијата за заштита на личните податоци, сите за 2024 година и во второ читање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи и соработка со ВМРО – ДПМНЕ за кандидати за градоначалници
Следна Статија УЈП: Поддршка за поднесување на ДДВ-04 пријави, рокот е до 25 април

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се воведува повторно полагање возачки испит, ќе се казнуваат и пешаците со мобилен

Ако во рок од четири години дозволата ви е двапати одземена, повторно ќе полагате за возачки испит. Ова го предвидуваат…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка до граѓаните, по повод 5 Мај – Денот на…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Интернет користат 90,8 отсто од домаќинствата во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година, 90.8 % од домаќинствата имале пристап на…

October 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: За десетина дена треба да заврши истрагата за случајот во Кочани, распрашани над 300 лица

Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани, треба да заврши за десетина денови, најави јавниот Обвинител Љупчо Коцевски…

May 22, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?