Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изгласани законските измени, маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Изгласани законските измени, маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници
ЕКОНОМИЈА

Изгласани законските измени, маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници

Објавено February 25, 2025 14:26
Сподели
Сподели

Собранието на денешната 35.седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со коишто пратениците од власта очекуваат поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека овој закон се носи во насока на заштита на стандардот на граѓаните.

 – Изненаден сум што на Комисијата за економски прашања немаше поднесено амандмани, иако некои од опозицијата го критикуваа овој закон дека нема да го даде резултатот што го очекуваат граѓаните.

Се критикуваат законски решенија на Владата, но кога ќе дојде време за амандмани, не поднесуваат, рече Стојановски од собраниската говорница.

Истакна дека со поднесување на овие законски измени, одлучиле да одат во две насоки – да ги прифатат практиките што се подобри во западните држави и да ги земат мерките што досега се покажале добри во практика.

Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари бидејќи не е нормално да имаме цени во маркети кои се највисоки на балканско ниво, цени повисоки отколку што имаат членки на ЕУ, не е нормално.

Сигурни сме дека во наредниот период ќе има намалување на цените што ќе биде прифатливо и за македонските граѓани, подвлече Стојановски.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска посочи дека овие законски измени ќе придонесат и за конкурентност меѓу самите трговци.

 – Со овој закон со објавување на цените на сите поединечни производи на веб страната и на рафтовите од страна на трговците, потрошувачите ќе ги споредуваат цените и со тоа ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец.

Овој закон се однесува на мали, средни и големи трговци, со што е искучуваат микротрговците и трговците поединци, истакна Бојковска.

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, со објавувањето на цените на веб страниците на маркетите ќе се зголеми транспарентноста, фер односот и заштитата на потрошувачите.

 – Првична и основна цел на овие законски измени е заштита на потрошувачите и заштита на граѓаните.

Со овие измени исто така се дава овластување на инспекторите да извршат проверки доколку видат неусогласеност на цените.

Со ваквото зголемување на транспарентноста сметам дека трговците ќе имаат подобар однос кон потрошувачите, нагласи Јаревски.

 Законот за заштита на потрошувачите претходно денеска беше разгледан и на собраниската Комисија за економски прашања.

Со него, трговците на мало (малите, средните и големите) се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници за потрошувачите да бидат подобро информирани, а оние што имаат повеќе од еден продажен објект, да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект.

Законските измени предвидуваат и глоби за трговците кои ќе постапат спротивно на одредбите од овој закон и на одредбите за овластувањата што ги имаат државните пазарни инспектори.

Ваков закон за заштита на потрошувачи минатата недела беше донесен и во Хрватска, според кој трговците во Хрватска ќе бидат обврзани редовно да ги објавуваат и ажурираат цените на сите нивни производи на нивните веб-страници и да овозможат непречен пристап до дигитални алатки кои ќе им даде на клиентите можност да ги споредуваат цените во реално време.

Во Хрватска со измените на законот се пропишува и ограничувања на цените за клучните производи и услуги, како и јасно означување на производите со ограничени цени.

Собранието на денешната седница ги донесе и законските измени и дополнувања на Законот за минерални суровини, по скратена постапка.

Измените се однесуваат на начинот на распределба на концесискиот надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цариниците запленија автобус специјално адаптиран за шверцување
Следна Статија Неточни се наводите за работата на Министерството за животна средина: Владата ги отфрла шпекулациите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Амазон и Т-Мобајл намалуваат работни места во Белви

Големи технолошки компании спроведуваат структурни промени во својот кадровски состав, што влијае врз регионалниот пазар на трудот

February 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам дека Народна банка била и ќе остане независна, рече Славески

Ветувам дека ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убедам во спортивното, дека Народна банка…

May 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежно во иднина

Скратувањето на работното време е неизбежна иднина и неизбежна дебата што ќе следува и во Македонија токму поради дигитализацијата и…

December 12, 2025

Веризон го реши прекинот во услугата и ќе додели кредити на засегнатите корисници

Мобилниот оператор се извини за прекинот кој траеше околу 10 часа и ќе додели кредити на погодените корисници

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?