Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сојуз на синдикати в среда организира протест за повисоки плати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Сојуз на синдикати в среда организира протест за повисоки плати
ЕКОНОМИЈА

Сојуз на синдикати в среда организира протест за повисоки плати

Објавено January 21, 2026 18:59
Сподели
Сподели

Сојузот на синдикати (ССМ) во среда организира протест за да изрази незадоволство од незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Протестот ќе почне од 17 часот од зградата на ССМ и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.

Од ССМ ги повикаа сите работници на кои не им е зголемена платата да се приклучат на протестот.

– Време е заедно да се избориме за достоинствени плати заедно со работниците. Ги повикуваме сите работници на кои не им биле зголемени платите, сите работници кои се чудат како да го врзат крај со крај во месецот, работниците кои ги лажеле газдите дека ќе им ги зголемат платите, да ни се придужат на улица затоа што тие до 31 декември не се договорија да ги зголемат работничките плати и да го унапредат работничкиот стандард. Ги повикуваме работниците затоа што прагот на сиромаштија е 31.200 денари во Македонија, а 33 проценти од 540 илјади работници живеат под прагот на сиромаштија односно одат на работа, а се сиромашни – рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов по денешната заедничка седница на највисоките органи на ССМ на која едногласно беше донесена одлуката на протест.

Трендафилов потсети дека и во анкетата на ССМ работниците се изјасниле дека се подготвени да излезат на протест доколку не се зголемат платите.

– Ова е само првиот чекор што го преземаме од низата чекори што ќе ги преземеме во следниот период, а ќе значат дополнителни протести, дополнителни таргетирани блокади на одредени институции и 24-часовен генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор, а доколку немаат слух ќе собереме 10.000 потписи и ќе станеме овластен предлагач и ќе побараме намалување на функционерските плати за 78 проценти и зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите плати – рече Трендафилов.

Не верува дека ќе бидат викнати на разговори затоа што, како што вели, цела 2025 година тоа го правеле.

– Уште денеска можат да ја зголемат минималната плата на 600 евра и сите останати плати за 100 евра. Нема да го направат тоа, ниту пак ќе не повикаат на разговор. Ако некој смета дека ние треба само да седиме и да разговараме, тоа го правиме цела 2025 година, а кога ќе седнеме на маса ни велат договорете се вие, а ние тоа ќе го прифатиме. Се додека не ги зголемат работничките плати и се додека слушаме само „ќе“, се дотогаш работниците ќе бидат незадоволни и ќе протестираат – истакна Трендафилов.

Минатата година, како што посочи немало драстично зголемување на платите, а веќе од јануари синдикалната кошничка е зголемена за речиси илјада денари. Додаде дека со ваквите политики, од државата се иселуваат квалификувани кадри со целите семејства, а се доселуваат странци кои ги пополнуваат работничките места.

– Тоа што ние го укажувавме цела 2025 година, а нив не им се веруваше, се случи. На 1 јануари се зголеми не само минималната плата секаде во регионот, туку и останатите плати. На 50 километри од Скопје работниците може да изберат да работат за повисока минимална плата. Тоа што работодавачите и избраните и именуваните лица не го сфаќаат е дека минатата година легално заминале на работа 11.500 работници во Хрватска, а тројно или четири пати повеќе заминале да работат во една странска држава. Ние сакаме домашните работници, да ги замениме со странци. Затоа квотата е зголемена на 10.000. И на претходната влада и на оваа Влада и го укажувавме тоа – рече Трендафилов.

ССМ повеќе од една година бара зголемување на минималната плата посочувајќи дека растат животните трошоци и дека македонскиот работник станува се посиромашен. Во државите од регионот, освен во Косово, како што посочуваат, минималната плата е над 500 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Руски астролот тврди дека пролет 2026 година за 1 знак ќе биде пресврт
Следна Статија Новите бои на Samsung Galaxy S26 Ultra: Иновативен дизајн или конзервативен пристап?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените

Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените, поврзани со основната егзистенција на една просечна македонска фамилија. Мислам дека цените се…

September 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија на средина меѓу 43 земји во Европа според задолженоста

Македонија се наоѓа точно на средина меѓу 43 земји во Европа според државниот долг како процент во бруто општествениот производ,…

July 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трошоците на живот во април повисоки за 2.6 отсто, цените на мало пораснати за 2.7 отсто

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6…

May 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Главен фокус за следната година ќе бидат капиталните инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека за следната година главен фокус на Владата…

November 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?