Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со закон ќе се овозможи замена на македонска со словенечка возачка дозвола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со закон ќе се овозможи замена на македонска со словенечка возачка дозвола
МАКЕДОНИЈА

Со закон ќе се овозможи замена на македонска со словенечка возачка дозвола

Објавено November 5, 2025 19:32
Сподели
Сподели

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за возачи. Ова е предлог-закон кој на прв поглед се занимава со техничко прашање – замена на возачки дозволи – но всушност се меша во животите на илјадници луѓе кои работат, живеат и придонесуваат за развојот на Република Словенија, се вели во соопштението од Агенцијата за иселеништво, а го пренесуваме интегрално.

Што носи предлог-законот – новиот член 68а од Законот за возачи:

Носителите на важечка возачка дозвола издадена во одредени земји (Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија) ќе можат да ја заменат својата возачка дозвола за словенечка без повторно да го полагаат практичниот дел од испитот, во рок од првата година по регистрацијата на живеалиштето во Словенија.

Пред замената, носителот на возачката дозвола мора да достави доказ за ментална и физичка способност за управување со возила – на овој начин се спазуваат безбедносните стандарди.

Истата постапка важи и за словенечките возачки дозволи во овие земји.

Клучни цели на законот:

Поедноставување на процедурите за промена на возачките дозволи и елиминирање на непотребните бирократски пречки.

Намалување на административниот товар врз поединците и административните единици.

Овозможување на побрза интеграција на работниците и експертите на словенечкиот пазар на трудот.

Предлог-законот:

• елиминира неоправдани разлики и носи поедноставување кое е од витално значење;
• не значи намалување на безбедносните стандарди, бидејќи дозволите продолжуваат да се проверуваат;
• нема финансиски последици за буџетот, а воедно заштедува време и ресурси;
• овозможува побрзо вработување, помалку документација и поголема праведност за секој што живее и работи во нашата земја.

Ова е мал, но важен чекор кон поправедна, разумна и отворена земја која им верува на луѓето кои веќе имаат знаење, искуство и одговорност да возат.

Пратеничката Сандра Газинковски ги повика пратениците да го поддржат Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за возачи.

-Ви благодарам на сите што придонесуваат Словенија да стане поотворено, поефикасно и поинклузивно општество! – рече во обраќањето пратеничката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Додик повторно со закани: „БиХ е завршена приказна, РС ќе стане независна држава
Следна Статија Ќе се скрати времето на патување: Ќе се гради мрежа на брзи возови во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата ќе продолжи со истрагите за коруптивни случаи, нема пропусти за бегството на Груби и Ковачевски

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од досегашната борба со корупција, но истакна дека конечните резултати зависат од судската власт. Во…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Строг пост само на вода- утре се празнува Водокрст

Ден пред големиот христијански празник Богојавление- Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Празникот е…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Карадаковски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта

Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

До понеделник променливо облачно со дожд, од вторник стабилизирање на времето

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд…

November 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?