Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со поддршка на приватната академија „Бреинстер“ се воведува вештачката интелигенција во средните училишта, ќе се применува по сите предмети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со поддршка на приватната академија „Бреинстер“ се воведува вештачката интелигенција во средните училишта, ќе се применува по сите предмети
МАКЕДОНИЈА

Со поддршка на приватната академија „Бреинстер“ се воведува вештачката интелигенција во средните училишта, ќе се применува по сите предмети

Објавено July 18, 2025 14:53
Сподели
Сподели

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе биде воведена во средното образование и ќе се применува за различни теми по сите предмети и во слободните училишни активности. Ќе им биде корисна на учениците да размислуваат креативно, на наставниците за да ги планираат предавањата и тестовите, како и за автоматизирање на различни административни процеси во училиштата.

За воведување на ВИ во наставата, МОН и Бирото за развој на образованието ќе имаат стручна поддршка од приватната високообразовна установа и друштвото за интернет едукација кои работат под брендот Бреинстер, со која соработката беше формализирана денеска со меморандум.

Министерката Весна Јаневска рече дека учениците веќе го користат ChatGPT и, за разлика од генерациите пред 20 години, постојано се со паметни телефони. Затоа, рече, во наставата се воведени и смарт-таблите бидејќи таблите со креда не им се привлечни.

Со вештачката интелигенција може за една до две минути да се добијат распоред за часови и распоред на наставници, може да им ги средува сметководствените потреби, на наставниците може да им направи наставни ливчиња, ако ги има податоците за темата што се учи, може да им направи тестови, вежби… Децата може да ја користат на една платформа да вежбаат, да решаваат задачи, да одговараат прашања од одредена тема во учебникот. Се тоа ќе биде многу побрзо и ќе биде соодветно на она што се случува во светот во овој момент. Најголемата придобивка од ВИ за учениците ќе биде тоа што ќе ги натера да мислат и што ќе им овозможи она што на нашите деца им недостасува според ПИСА-тестирањето, истакна Јаневска.

Како што рече, важно е учениците и да се заштитат при користењето на ВИ и да ги проверуваат добиените информации, да стекнат знаења и вештини и за етичка примена на вештачката интелигенција во секојдневието, за време на наставата, а понатаму и во нивните професии.

На ова поле интензивно работиме и не чека многу работа во следниот период. На Факултетот за информатика во Штип веќе подготвуваме документ со насоки за наставниците и за учениците за примена на ВИ од септември, што ќе биде увертира на воведувањето конкретни теми во наставните програми за секое одделение. Примарниот фокус на меморандумот што денеска го потпишуваме е поддршка на воведување на вештачката интелигенција во средните училишта. Но, Бреинстер ќе помогне и во интегрирање на претприемништвото како област и тема во наставните програми во средното образование, додаде Јаневска.

Посочи и дека во Регионалниот центар за средно стручно образование во Битола се воведува насока за вештачка интелигенција во четири години и дека веќе се изготвуваат плановите и програмите со странски експерти.

Основачот на Бреинстер групацијата, Петар Ниновски, на прес-конференцијата истакна дека е многу важно младите уште во средно образование да почнат да се едуцираат за оваа технолошка иновација.

Потенцираше дека за нив ова е значаен ден бидејќи се формализира соработката со МОН и се прави „голем чекор напред кон системски пристап во воведување на вештини поврзани со познавањето на вештачката интелигенција во средното образование“.

Веруваме дека заеднички можеме да изградиме образовен систем што не само што ги следи светските трендови, туку и активно учествува во нивното дефинирање. Среќни сме што државата го препозна потенцијалот кој го поседуваме и особено сме благодарни на министерката Јаневска за покажаното лидерство и визија. Младите заслужуваат квалитетна подготовка за да може да создаваат подобра иднина за Македонија. Чест ни е што сме дел од овој процес на трансформација на општеството, рече Ниновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ брутално ја партизира М-НАВ, се загрозува безбедноста на патниците во авиосообраќајот
Следна Статија Мицкоски: Македонија го зајакнува својот одбранбен капацитет- набавени артилериски системи и опрема согласно НАТО стандардите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Маглата го парализира авионскиот сообраќај: Пренасочени и откажани летови на скопскиот аеродром

Густата магла што ја зафати Скопската котлина во последните 24 часа предизвика значителни проблеми во авионскиот сообраќај на Меѓународниот аеродром…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДКСК повикува на транспарентност при донесување на измените на Законот за јавни набавки

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изразува сериозна загриженост поради предложените измени и дополнувања на Законот за јавните набавки,…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

За многу години Св. Георгиј-Ѓурѓиц: Денес е важен празник кој има свои „правила“

Денес (16.11) е Пренесувањето на моштите на свети великомаченик Георгиј од Никомидија во Лида Палестинска. Овој празник поврзан со името…

November 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Наставниците се ослободуваат од непотребни административни обврски

Во време на забрзана дигитализација на образованието и воопшто на општеството, нема потреба наставниците да пополнуваат едни исти податоци на…

June 26, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?