Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Според експертите, најдобро е британскиот заем да се инвестира во Чебрен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Според експертите, најдобро е британскиот заем да се инвестира во Чебрен
ЕКОНОМИЈА

Според експертите, најдобро е британскиот заем да се инвестира во Чебрен

Објавено June 18, 2025 14:18
Сподели
Сподели

Експертите сметаат дека инвестицијата во Чебрен со помош на британскиот заем би претставувала значаен чекор напред. Ова би било најразумно, бидејќи на тој начин ќе се достигне извесен степен на енергетска независност.

Брзата пруга од Коридорот 10 е исто така од голема важност, иако постојат сомнежи за нејзиниот придонес кон динамизирање на економскиот раст. Сепак, ако не ја реализираме, ризикуваме да бидеме заобиколени, а оваа задача би ја презела друга држава, како Албанија или Србија.

Академик Таки Фити денеска изјави дека каматните стапки за проектите сè уште не се познати, но се очекува да бидат поповолни поради поддршката од британската банка.

Тој истакна дека треба внимателно да се разгледа колку средства ќе се инвестираат и каков е капацитетот на македонската економија да ги апсорбира тие средства: “Не знаеме какви ќе бидат каматите и кои проекти ќе бидат прифатени, кои ќе почнат да се реализираат, тоа е многу битно.”

Сега велиме, нема да се зголеми јавниот долг зашто ќе имаме зголемена динамика на раст на БДП, но тоа е неизвесно, дали ќе успееме во наредните години да се развиваме со стапка од 4,7 отсто колку што вели Владата или пет отсто.” Доколку економскиот раст го следи предвидениот тренд, учеството на јавниот долг во БДП ќе се намали, и покрај неговиот квантитативен раст. Меѓутоа, ако стапките на развој останат на 2,5-3 отсто, тоа може значително да влијае на висината на јавниот долг.

Повторно потенцирајќи ја потребата од претпазливост при инвестирање на средствата, Фити објасни дека е од клучно значење да се процени капацитетот на македонската економија за апсорпција. “Замислете, една милијарда евра наеднаш да се пуштат, веднаш ќе „буфне“ инфлација во земјата.”

Не е тоа така едноставно, но верувам, ова ќе има своја динамика, Владата и Народната банка ќе водат сметка за тоа. Уште до крај не ги знаеме условите.”

“Моја оценка е дека најпаметна инвестиција тука ќе биде онаа поврзана со Чебрен. Ако со овој проект успееме да го исфинансираме Чебрен, сме завршиле голема работа.” Фити очекува најголеми ефекти од Чебрен, бидејќи тоа ќе овозможи одреден степен на енергетска независност. “Ние даваме огромни пари за увоз на струја секоја година, перманентно, а знаете дека цената на енергијата со тек на време расте. Еве, сега, со новите судири, ќе порасне и цената на нафтата што ќе се одрази и врз сите други енергенси”, објасни Фити.

Одговарајќи на новинарско прашање по тркалезната маса на тема „Зелен раст – посебен осврт врз Северна Македонија“ што ја организира МАНУ, професорот напомена дека вкупната инфраструктура секако придоенсува за растот.

“За пругата има големи дилеми, во која мера и колку тоа може да придонесе за динамизирање на растот.”

“Самиот факт што овие средства полека ќе влегуваат во економијата, ќе ја раздвижуваат, ќе ја зголемуваат агрегатната побарувачка, но јас немам посебно информации дали и кога ќе се гради, кога ќе почне. Тоа е многу битно за да дадеме некаква оценка. Не знаеме каматни стапки, сега излезе дека сме упатени да бараме кредити од низа комерцијални банки и меѓународни финансиски институции.”

Конечната каматна стапка ќе зависи од преговорите и кредитниот рејтинг на земјата, но поради поддршката од британската банка, се очекуваат пониски каматни стапки. “Како ќе се одрази тоа врз јавниот долг е друго прашање”, потенцираше академик Фити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение
Следна Статија Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска на конфереција во Црна Гора: СЕПА – двигател на конвергенцијата со ЕУ

Вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, учествуваше на панел дискусијата „СЕПА и земјите од Западен Балкан: Катализатор за приближување кон…

June 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Рударите се темелот на економијата и незаменлива сила без која нема развој и енергетска стабилност

Тринаесет рудари од различни рудници низ земјата денеска беа одликувани со признанија за својата пожртвувана работа, во рамки на свеченоста…

August 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ако минималната плата се зголеми без економска поткрепа, ќе бидат отпуштени многу работници, вели Дурмиши

Минималната плата се утврдува според економскиот прогрес, порастот на продуктивноста и нивото на трошоците за живот. Министерот за економија и…

September 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Го намаливме државниот долг и раздолживме еврообврзница од половина милијарда евра од претходната власт

Македонија не е ништо задолжена, туку напротив, ако ги гледате податоците долгот е намален, рече премиерот Мицкоски во интервјуто за…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?