Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спречен увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Спречен увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
МАКЕДОНИЈА

Спречен увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

Објавено March 22, 2026 17:29
Сподели
Сподели

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај.

Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по направената проверка во информативниот систем на АХВ и на увознатата документација според која количините кои требале да се увезат и да завршат на македонскиот пазар потекнувале од објект кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, со што не се испоплнети основните безбедносни стандарди за увоз, односно постојат сомнежи за здравствена исправност на месото, што претставува ризик за потрошувачите.

Инспекторите за храна минатата недела забранија увоз и на пратка со 22 тони ореви по потекло од Казахстан поради несоодветно означување и отстапки во пропишаните критериуми за квалитет и безбедност на храна. Поради тоа целата количина од 22 тони вратена е во земјата на потекло, односно, забранет е нејзин пласман на македонскиот пазар.

Контролите на увозот на храна од страна на официјалните ветеринари и инспекторите за храна ќе продолжат со засилено темпо, со цел да се спречи внесување на небезбедни производи.

АХВ апелира до увозниците строго да ги почитуваат законските регулативи и стандардите бидејќи здравјето на граѓаните останува врвен приоритет за институцијата.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вајдел од АФД: Во Брисел грешат дека трпението на европските народи е бесконечно
Следна Статија Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тим од пластични хирирурзи ќе престојува во Кочани, се очекува 16 повредени во пожарот да заминат на домашно лекување

Шеснаесет пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани и се лекуваа во земјава се очекува да бидат испишани од…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛС на итен состанок за состојбата со комуналниот отпад во Скопје

Скопските градоначалници се собраа на едно мест, одржан вонредниот состанок на ЗЕЛС кој го побара градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните се задоволни од досегашната работа на Владата и на премиерот

Новата Влада на Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски и досега донесените одлуки во однос на заемот од Унгарија и…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина, останете силни!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова испрати порака со поддршка до Босна и Херцеговина, по катастрофалните поплави што ја зафатија земјата. Таа…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?