Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба Божиновска – Рокас: Поддршка од ЕУ за ефикасна енергетска политика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба Божиновска – Рокас: Поддршка од ЕУ за ефикасна енергетска политика
ЕКОНОМИЈА

Средба Божиновска – Рокас: Поддршка од ЕУ за ефикасна енергетска политика

Објавено August 23, 2025 13:59
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михаилис Рокас.

Разговорот беше посветен на реформските процеси во енергетскиот сектор, со посебен осврт на ажурирањето на законодавната рамка и подготовката на нови стратешки документи. Министерството информираше за реализираните и планираните активности во рамки на Реформската агенда, чија имплементација ќе продолжи со интензивно темпо.

Посебно внимание беше посветено на поддршката што Македонија ја добива од Европската Унија преку ИПА III програмската рамка. Финансиската и техничка помош во висина од 5,2 милиони евра ќе биде насочена кон јакнење на институционалните и оперативните капацитети за водење ефективна енергетска политика и справување со климатските промени, како и кон подготовка на подзаконски акти, соработка со општините и анализа за спроведување на зелената транзиција.

Европската Унија е стратешки партнер на нашата земја во процесот на енергетска трансформација. Поддршката што ја добиваме преку ИПА инструментите е од суштинско значење за да изградиме поефикасни институции, да го унапредиме законодавството и да обезбедиме одржлива и сигурна енергетска иднина за граѓаните,“ истакна министерката Божиновска.

Средбата потврди дека ЕУ останува клучен сојузник на Македонија во реализацијата на зелената енергетска транзиција и исполнувањето на климатските цели.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините
Следна Статија Мицкоски: Овие избори нема да бидат вратата на ДУИ за во Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во вториот квартал впишани 2 876 хипотеки врз недвижности

Во периодот април - јуни годинава се запишани 2 876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и…

November 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот

Народната банка утре ќе ја објави бројката за инвестициите во 2024 година со исклучителна, огромна, историска реализација од мај натаму.…

February 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски задоволен од постигнатиот конзенсус меѓу Софија и Скопје за изградбата на пругата од Коридорот 8

Премиерот, Христијан Мицкоски средбата во Брисел меѓу двете делегации на Македонија и на Бугарија за доизградба на железничката пруга од…

July 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пад на цената на нафтата, раст на златото и на пченицата на европските берзи

Европските и американските берзански индекси денес се нерамномерни, а златото и пченицата пораснаа во цена со истовремен пад на цените…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?