Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба Славески – Прескер: Потврда на значењето на Народната банка за економската стабилност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба Славески – Прескер: Потврда на значењето на Народната банка за економската стабилност
ЕКОНОМИЈА

Средба Славески – Прескер: Потврда на значењето на Народната банка за економската стабилност

Објавено September 16, 2025 17:24
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Неговата Екселенција Грегор Прескер и со економскиот советник Горан Криж.

Во разговорот беше истакната улогата на Народната банка во одржувањето на макроекономската стабилност и значењето на довербата во финансискиот систем за економскиот развој и инвестициите.

Гувернерот Славески ја истакна посветеноста на Народната банка кон овие принципи, додека амбасадорот Прескер ги нагласи долгогодишните добри дипломатски и економски врски помеѓу двете економии, особено во финансискиот сектор каде што активно се вклучени голем број реномирани словенечки компании.

Во однос на финансискиот сектор, гувернерот Славески се осврна на заложбите на Народната банка за намалување на надоместоците на банкарските услуги, заради обезбедување подостапни финансиски услуги за сите економски субјекти. Амбасадорот Прескер искажа задоволство од заложбите на Народната банка и ја потврди понатамошната поддршка од Словенија, вклучително и преку центарот за обуки ЦЕФ.

Средбата претставува можност за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји и унапредување на соработката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајдени стебла канабис при претрес во скопско, приведено едно лице
Следна Статија Ни стан, ни пари: Kумановка измамена за 50.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од полноќ: Поскапуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по…

April 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почнува изградбата на фабриката на турската компанија „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје

Во ТИРЗ Скопје денеска ќе биде поставен камен темелник на фабриката на турската компанија „Шахтерм“. На почетокот на изградбата на…

May 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Warner бара лична гаранција од Лари Елисон во обидот за преземање на Paramount

Со одбивање на непријателскиот обид за преземање, Warner го преиспитува довербата на Елисоновото семејство и посветеноста кон зделката вредна од…

December 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Првиот маркет на Лидл ќе биде отворен во Ново Лисиче

Камен темелник на најновиот продажен маркет на „Лидл“ ќе биде поставен утре, среда, во 11 часот. Локацијата е во општина…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?