Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стапи во сила обвинението против бизнисменот Крмзов и повеќе физички и правни лица за даночна измама
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стапи во сила обвинението против бизнисменот Крмзов и повеќе физички и правни лица за даночна измама
МАКЕДОНИЈА

Стапи во сила обвинението против бизнисменот Крмзов и повеќе физички и правни лица за даночна измама

Објавено December 31, 2025 14:39
Сподели
Сподели

Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција информира дека е поднесен Обвинителен акт против седум лица, меѓу кои и бизнисменот Ристо Крмзов, како и Обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица за даночна измама.

Поднесениот Обвинителен акт и Обвинителен предлог што по спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК ги доставил до Основниот кривичен суд Скопје ​е стапен на сила.

Обвинителниот акт е против седум лица на кои им се става на товар дека сториле кривични дела „Злосторничко здружување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, како и дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Даночна измама“. Двајца од обвинетите, покрај наведените кривични дела, се обвинети и за продолжено кривично дело „Даночно затајување“.

Обвинителниот предлог се однесува против три физички лица за продолжено кривично дело „Несовесно работење во службата“, како и против 13 правни лица за продолжено кривично дело „Даночна измама“.

Според обвинението, истражната постапка утврдила дека на почетокот на 2019 година, на територијата на Република Северна Македонија, првообвинетиот, заедно со уште двајца обвинети – како сопственици и управители на обвинети правни лица со намера да стекнат противправна имотна корист – создале група со цел вршење на кривичните дела „Даночно затајување“, „Даночна измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. На групата, како припадници, се приклучиле уште четворица обвинети, исто така во својство на сопственици и управители на обвинети правни лица.

-Злосторничкото здружение најпрвин имало за цел формирање на правни лица на кои припадниците биле формално назначувани за сопственици и управители, со цел остварување право на поврат на ДДВ, кое би им било оневозможено доколку организаторите биле формални сопственици и управители, се вели во соопштението од Обвинителство.

Обвинетите, во име и за сметка на обвинетите правни лица, изготвувале и меѓусебно разменувале фактури со невистинита содржина, како поврзани лица за целите на ДДВ, спротивно на одредбите од Законот за данок на додадена вредност, Законот за данок на личен доход, Законот за данок на добивка и Законот за даночна постапка. Во фактурите внесувале податоци за наводно извршен промет на недвижности, за кој знаеле дека не бил извршен и дека за истиот не биле извршени плаќања преку банкарските сметки на правните субјекти.

– За периодот од 2019 до 2024 година, во поднесуваните даночни пријави неосновано било користено правото на влезен ДДВ. Обвинетите – овластени сметководители, како службени лица, пропуштајќи должен надзор, несовесно постапувале спротивно на Законот за сметководствени работи, Законот за трговски друштва, Законот за данок на додадена вредност и Меѓународните сметководствени стандарди. Постапувајќи по насоки на организаторите, тие ги евидентирале фиктивните фактури за наводни продажби на недвижности и истите ги прикажувале во даночните пријави за ДДВ поднесени до Управата за јавни приходи, со цел неосновано да се бара поврат на данок или да се намали даночната обврска на обвинетите правни лица, се вели во соопштението од Обвинителство.

Со овие дејствија, како што информираат од Обвинителство, во даночните пријави бил прикажан повисок влезен ДДВ во вкупен износ од 4.123.102.931 денари, по основ на фиктивни договори за купопродажба на недвижен имот, при што била прибавена противправна имотна корист преку незаконски поврат на ДДВ и користење на институтот на даночни гаранти. Од Управата за јавни приходи бил исплатен незаконски поврат на ДДВ во износ од 1.348.996.831 денари.

-Средствата, за кои обвинетите знаеле дека потекнуваат од кривично дело, биле внесени во платниот промет и префрлани меѓу правни лица со цел прикривање на нивното потекло. Дел од средствата биле употребени за купопродажба на имот, враќање кредити кон банки, подигање готовина, како и за плаќање добавувачи на градежни материјали за изградба на станбени комплекси. Со износ од 457.785.310 денари биле покривани даночни долгови на обвинетите и на други правни лица, се вели во соопштението.

Заедно со обвинението, доставен е и предлог за одземање и конфискација на предмети, подвижен и недвижен имот што потекнува од кривично дело, а кој претходно со привремени мерки е замрзнат, како и предлог за продолжување на мерката притвор за првообвинетиот, односно укинување на мерката притвор и определување мерки на претпазливост за второобвинетиот.

Кривичната пријава против три лица осомничени за кривични дела Злосторничко здружување, Даночна измама и Перење пари и други приноси од казниво дело и против двајца осомничени за кривично дело Несовесно работење во службата е отфрлена бидејќи не постои основано сомнение дека пријавените ги сториле кривичните дела. Воедно, списите што се однесуваат на постапувањето на даночните инспектори се доставени на надлежно постапување на ОЈО Струмица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Учениците од денеска на зимски распуст
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа

Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони

Лидерите на Западен Балкан, меѓу кои и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, ќе се сретнат в понеделник во Драч на…

October 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Млади раскажуваат како изнесувале свои изгорени другари: Д-р Беќаровски за примените пациенти на Токсикологија и хоророт што го преживеале

Докторот Нико Беќаровски на неговиот фејсбук посочи дека на Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади лица повредени од…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

Со поддршка на ЕУ ИПА 2-програмата во номври 2024 година почната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?