Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стартува реконструкцијата на спортската сала на УКИМ: Министерот Ристовски го означи стартот на проектот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стартува реконструкцијата на спортската сала на УКИМ: Министерот Ристовски го означи стартот на проектот
МАКЕДОНИЈА

Стартува реконструкцијата на спортската сала на УКИМ: Министерот Ристовски го означи стартот на проектот

Објавено October 12, 2025 12:37
Сподели
Сподели

Министерството за спорт ја отпочна најавената реконструкција на спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со ректоратот на УКИМ, како дел од програмата за изградба и санација на спортската инфраструктура. Инвестицијата за овој проект изнесува 54 милиони денари.

Салата, која е наменета првенствено за студентите, со години беше запуштена и нефункционална. „Ова не смее да биде лицето на спортот во Македонија!“, порача министерот за спорт, Борко Ристовски, по увидот во состојбата на објектот.

УКИМ подготви целосен проект за реконструкција и го достави до Министерството за транспорт и врски за одобрение. На почетокот на октомври годинава, Министерството за спорт ја отпочна тендерската постапка за избор на изведувач.

„Ветувањата имаат тежина само ако ги остварувате. Ветувањето за комплетна реконструкција и санација на спортската сала на УКИМ добива конкретна реализација“, истакна Ристовски.

Реконструкцијата ќе трае 15 месеци од денот на вовед во работа на изведувачот, а студентите наскоро ќе добијат комплетно нова и модерна спортска сала.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Авганистан објави дека убиле 58 војници во граничните судири со Пакистан
Следна Статија Андоновска: Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерството за животна средина ќе префрли 400.000 евра за чистење на линданот од ОХИС

Владата на седница донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата наменети за чистење на…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: До крајот на годината ќе се донесат законите поврзани со правосудството, ќе се бара одговорност за секој потрошен денар

До крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони поврзани со правосудството односно со судиите и обвинителите и за јавно…

November 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

До крајот на годината ќе се знае дали студентскиот оброк ќе биде 160 денари

До крајот на годината ќе се знае дали студентскиот оброк ќе биде 160 денари или ќе биде проширен опсегот, изјави…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните фрлаа камења и го превртија возилото на сопственикот на „Пулс“

Во Кочани денеска се одржаа протести по несреќата во дискотеката „Пулс“ во која изби пожар во кој 59 лица го…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?