Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
БАЛКАН

Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови

Објавено August 14, 2025 20:13
Сподели
Сподели

Студентите во блокада за вечерва најавија нови протестни собири, што ќе започнат во неколку српски градови помеѓу 19:30 и 21 часот.

Студентите во блокада на Инстаграм соопштија дека собирите во Белград ќе се одржат во 19:30 часот кај зградата на Генералштабот, на кружниот тек во близина на Општина Нови Белград, како и кај Автокоманда, додека собирот во Нови Сад ќе започне во 19:45 часот пред просториите на Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Собирите се најавени во 19:30 часот во Крагуевац на Ѓачки плоштад, во Краљево на плоштадот Српски воини, во Лозница и Шабац во близина на Гимназијата, во 20 часот во близина на Градското собрание во Ужице и во 21 часот во Ниш, но локацијата засега не е прецизирана.

Собири се планирани и во Обреновац, Лазаревац, Анарѓеловац, Сремска Митровица, Горњи Милановац, Врбас, Крушевац, Ваљево, Богатиќ, Неготин, Смедерево, Бор, Чачак, Зрењанин, Инѓија, Младеновац, Панчево, Лесковац, Шид, Качарево, Ивањица, Рума, Прокупље и Стара Пазова, а сите информации може да се најдат на социјалните мрежи на студентите во блокада.

Претходните две вечери во неколку градови во Србија имаше судири меѓу демонстрантите и поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), кои најчесто беа сместени во близина на просториите на партијата.

Во меѓусебното гаѓање со различни предмети, поддржувачите на СНС најчесто користеа пиротехнички средства, а неколку лица беа повредени, меѓу кои и припадници на полицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стопанствениците ги поздравија мерките на Народната банка за пониски трошоци за платни услуги за бизнисот
Следна Статија МНР чека потврда за Дејанчо, а ова се убиените во Боливија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митева: Доделени вкупно 33.682 ваучери, 11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари.…

November 23, 2025
БАЛКАН

Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет, тврди министерот за одбрана на БиХ

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бил принуден да ги…

May 5, 2025
БАЛКАН

Во Загреб се донесени уште тројца пациенти од несреќата во Кочани

По првите двајца македонски пациенти кои со изгореници веќе се лекуваат во Загреб, денеска во главниот град на Хрватска беа…

March 19, 2025
БАЛКАН

Демонстранти водени од европратеникот Џамбаски упаднаа во театар во Софија со тепање да спречат претстава на Џон Малкович, оти била антибугарска

Стотици граѓани синоќа ги окупираа влезовите на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија , а некои од нив влегоа внатре…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?