Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната
ХРОНИКА

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната

Објавено June 18, 2025 08:30
Сподели
Сподели

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со завршен збор на одбраната на обвинетите. На изминатото рочиште Основното јавно обвинителство во завршните зборови побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека, за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска изјави дека исказите на обвинетите не се совпаѓаат со доказите и дека мотивот за убиството не мора да се утврди, посочувајќи дека е субјективен и не е услов за осуда. Јавното обвинителство побара доживотен затвор за сите четворица обвинети, бидејќи, според нив, нема олеснителни околности, а нивните постапки дополнително ја трауматизираат јавноста. Како што наведоа, Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, не сакал да ѝ наштети, но учествувал во киднапирањето, Велибор Манев призна учество во двете убиства, Боре Видевски првично призна вина, но подоцна негираше, Влатко Кешишев се обиде да се прикаже како послушник, но доказите покажуваат активна улога, а Љупчо Палевски се смета за организатор кој креирал алиби и уништувал докази.

По завршните зборови на Основното јавно обвинителство, правните застапници на оштетените семејства пред судот изјавија дека во целост го прифаќаат барањето на Обвинителството, се приклучуваат кон кривичното гонење и бараат имотно правно побарување.

Додека, адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, завршниот збор го оцени како контрадикторен сам по себе. Туфегџиќ нагласи дека никаде не е спомнат таткото, ниту пак било каква конекција со него во врска со извршувањето на кривичното дело. Посочи дека не бил изведен ниту еден доказ од страна на Обвинителството во целата судска постапка со кој би се докажало дека Александар имал комуникација со првообвинетиот Љупчо Палевски.

Во завршниот збор, обвинителството ги образложи во детали и случувањата за кои стануваше збор и во доказната постапка, а во кои се опишани грабнувањата и убиствата на Вања и Панче.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Обвинетите на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни, а првообвинетиот Палевски низ процесот тврдеше дека ова е политички монтиран процес.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Евакуирана првата група македонски државјани од Израел
Следна Статија Рамос му откина два планирани бода на Интер! (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинени против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од…

November 30, 2025
ХРОНИКА

Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

Целосно е изгаснат пожарот што утрово пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга, потрвди за МИА…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Уапсени разбојници од Арачиново

На 09.12.2024 во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од…

December 10, 2024
ХРОНИКА

Директор на „Колекторски систем“ во Охрид го оштетил претпријатието за скоро 3 милиони денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?