Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тензии во Комисијата за социјална политика за измените на законот за пензиско
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тензии во Комисијата за социјална политика за измените на законот за пензиско
МАКЕДОНИЈА

Тензии во Комисијата за социјална политика за измените на законот за пензиско

Објавено March 14, 2025 18:11
Сподели
Сподели

Во тензична атмосфера и денеска помина седницата на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, на чиј дневен ред имаше само една точка – Предлог измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. И денеска пратениците на СДСМ побараа да се дополни дневниот ред со Законот за правата на бранителите, но претседавачот на Комисијата пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи нагласи дека таа е назначена да ја води оваа седница на Комисијата само со една точка на дневниот ред. Членовите на Комисијата од Коалицијата „Влен“ истакнаа дека законот за бранителите нема да помине се додека со закон не се реши и статусот на поранешните припадници на ОНА. По ова, пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија дека ќе поднесат кривична пријава против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи од „Влен“ за како што кажаа, грубо кршење на Деловникот околку денешното претседавање со собраниската Комисија за социјална политика, млади и демографија.

Три години од создавањето АНБ е функционална, етаблирана и високо почитувана институција во рамките на нашиот безбедносен систем и од страна на исто родните светски институции, оцени во објав

-Ние најавуваме дека ќе преземеме конкретни правни мерки, односно ќе поднесеме кривична пријва против претседавачот со Комисијата, Имрлије Фетаи-Салиу заради грубо кршење на Деловникот и грубо кршење на правата на пратениците. А, воедно ќе поднесеме и иницијатива до Уставниот суд со којашто ќе бараме да се утврди прекршувањето на правото на пратениците на коишто им беше оневозможено согласно Деловникот да постават и да предложат измена и дополнување на дневниот ред, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

Од Коалицијата „Влен“ попладнево реагираа преку писмено соопштение, во кое посочуваат дека тие ја потврдуваат својата, како што велат, непоколеблива позиција додека се дел од владата, законот за бранители нема да помине без вклучување на поранешните припадници на ОНА. Нагласуваат дека секој обид за еднострано донесување на овој закон е неприфатлив и е во спротивност со принципите на правда и еднаквост.

СООПШТЕНИЕ

-Во континуираните напори за извртување на фактите и создавање забуна во јавноста, СДСМ продолжува со неоснованите дезинформации. Нема прекршување на Деловникот на Собранието од страна на нашата пратеничка, Имарлие Салиу-Фетаи. Потсетуваме дека Салиу-Фетаи не е претседателка на Комисијата за социјални работи, млади и демографија. Таа едноставно водеше точка од дневниот ред на Комисијата, за што доби овластување од претседателот на Собранието, согласно член 126, став 3 од Деловникот на Собранието. Така, Салиу-Фетаи постапила целосно почитувајќи ги законските процедури и нема основа за тврдењата на СДСМ. Јасно е дека преку овие постапки СДСМ и Оливер Спасовски се обидуваат да го оттргнат вниманието на јавното мислење. Законот кој денеска го изгласа Комисијата се однесува на зголемување на пензиите, директно подобрување на животот на граѓаните. Реакцијата на СДСМ и Спасовски е отворен обид да се блокира ова покачување и да се избегне расправата за конкретни поволности за пензионерите. Коалицијата ВЛЕН нема да дозволи оваа измамничка стратегија да ги прикрие вистинските проблеми со кои се соочува државата и нејзините граѓани, се наведува во соопштението на „Влен“ и посочуваат дека остануваат посветени на транспарентноста, почитувањето на законите и заштитата на интересите на албанските граѓани и на сите граѓани на земјата.

Централниот и Извршниот комитет на ВМРО-ДМНЕ вечерва на состаноци зад затворена врата во партиското седиште ја утврдува листата на кандидати за пратеници на претстојните парламентраниизбори н

Иако беше тензично на Комисијата за социјална политика, на седница денеска комисискиот филтер го помина Предлог-Законот за пензиско и инвалидско осигурување. За ова попладнево преку писмено соопштение реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Посочуваат дека со денешното делување во Собранието, СДСМ сакала да го спречи покачувањето на пензиите.

-СДС, како и во повеќе наврати до сега, покажа дека е против парите да завршуваат кај граѓаните. Овој пат СДС се стави против една од најважните категории граѓани, пензионерите, кои работниот век го поминаа придонесувајќи за македонското општество. Со денешното делување во Собрание, СДС сакаше да го закочи и спречи покачувањето на пензиите, линеарно за сите пензионери. СДС прави се само да ги блокира процесите, како и да спречи парите да завршуваат граѓаните, а во конкретниот случај од денес, кај пензионерите. Помина времето кога СДС можеше да прави што сака во државата. Во институциите постои ред, поредок и законски процедури кои секој треба да почитува, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова е „бе-ев-вето“ што дрифташе низ Кавадарци
Следна Статија Инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку милијарди евра најавува Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АНБ вработува инженери, плата до 60 илјади денари

Агенцијата за национална безбедност вработува инженери, со или без претходно работно искуство за плата од 50.000 до 60.000 денари во…

February 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска пред почетокот на 76. седница го информираше Собранието дека државниот обвинител Љупчо Коцевски до…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Инвестираме во младите и европската иднина преку Еразмус+

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека преку програмата Еразмус+, младите во Македонија имаат пристап до моќен европски финансиски инструмент кој…

January 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа

Глобалната кибербезбедност е под зголемена закана. Бројот на слабости на виртуелните облаци низ светот, односно потенцијалните слаби точки во системите…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?