Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Тесла“ ветува историска исплата за Маск од дури 1 трилион долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Тесла“ ветува историска исплата за Маск од дури 1 трилион долари
ЕКОНОМИЈА

„Тесла“ ветува историска исплата за Маск од дури 1 трилион долари

Објавено September 7, 2025 09:05
Сподели
Сподели

Илон Маск би можел да стане првиот човек во историјата кој ќе добие акции во вредност од еден трилион долари, доколку во следната деценија „Тесла“ ги исполни своите најамбициозни цели, соопшти Управниот одбор на компанијата.

Според новата програма за наградување, Маск нема да добива пари или класични бонуси, туку акции, чија вредност би достигнала историски рекорд доколку плановите се реализираат.

Меѓу условите се вклучени продажба на 12 милиони електрични возила, лансирање на еден милион роботи со вештачка интелигенција и осмократен раст на вредноста на компанијата.

Претседателката на Управниот одбор, Робин Денхолм, изјави дека иако задачите изгледаат скоро невозможно, токму визијата на Маск и неговата упорност се гаранција за успех.

„Задржувањето и мотивирањето на Илон е клучно за ‘Тесла’ да стане највредната компанија во историјата“, порача Денхолм.

Оваа објава доаѓа само еден месец по одлуката на американски суд, со која Маск доби 29 милијарди долари во акции, откако претходно беше поништено грандиозното доделување од 50 милијарди долари поради негова неправедност кон акционерите.

Со новата програма, „Тесла“ испраќа порака дека иднината на компанијата останува тесно врзана за најбогатиот човек на планетата и неговите визионерски планови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожарникарите се заглавиле во смола од стопен шекер: Еве што остана од фабриката Макпрогрес во Виница
Следна Статија Тетоважата го издаде шефот на албанската мафија, па полицијата го уапси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цените во маркетите подивеа: Црешите се продаваат по 1359 денари, јаболките и бананите над 100, цитроните по 130 денари

Цените во маркетите подивеа откако заврши владината мерка за замрзнување на трговските маржи. Дел од производите поскапеа веднаш што предизвика…

May 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Томовски: Со јавно-приватно партнерство ќе се гради саем во Скопје

Во Скопје ќе се гради саем откако објектите на Скопски саем беа урнати и на нивно место се изгради трговски…

May 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Англиска експертиза ќе добива македонската железница

Владата на денешната 114. редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие…

September 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата во мај достигна 4,8%, поскапеле храната и транспортот

Трошоците на животот во мај годинава, во споредба со истиот месец минатата година, бележат зголемување од 4,8 проценти, додека цените…

June 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?