Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тетовец жртва на измама: Злоупотреба на лични податоци му ја одзеде социјалната помош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тетовец жртва на измама: Злоупотреба на лични податоци му ја одзеде социјалната помош
ХРОНИКА

Тетовец жртва на измама: Злоупотреба на лични податоци му ја одзеде социјалната помош

Објавено April 25, 2025 09:48
Сподели
Сподели

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, на 15 март 2024 година, првопријавениот Д.И., кој бил вработен во правен субјект од Скопје, заедно со К.К., управител на истиот правен субјект, ги злоупотребиле личните податоци на лице од Тетово кое претходно ја изгубило личната карта.

Жител на Тетово останал без правото на социјална сигурност за стари лица откако бил злоупотребен неговиот идентитет. Без да знае, некој ги употребил неговите лични податоци од изгубената лична карта и исплатил добивка од речиси 5.000 денари во правен субјект во Скопје. Поради тоа социјалната служба му го укина правото на помош, сметајќи дека остварил приход.

Полицијата открила дека зад овој срамен потег стојат 22-годишниот Д.И. од Тетово и 38-годишниот К.К. од Скопје, кои добија кривични пријави за злоупотреба на лични податоци и несовесно работење во службата. Д.И. бил вработен во правниот субјект кој ја извршил исплатата, а К.К. е негов управител.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, на 15 март 2024 година, првопријавениот Д.И., кој бил вработен во правен субјект од Скопје, заедно со К.К., управител на истиот правен субјект, ги злоупотребиле личните податоци на лице од Тетово кое претходно ја изгубило личната карта.

„Со податоците од изгубената лична карта тие извршиле исплата на добивка од 4.800 денари во правниот субјект“, информира МВР.

Но, вистинската жртва од случајот претрпела далекусежни последици. Во август истото лице добило решение од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово за престанок на правото на социјална сигурност за стари лица – најверојатно поради наводна исплата на приход што не ги остварил.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томица Главчев сепак ќе го замени Перо Антиќ
Следна Статија Ивановска за претседателката на ДКСК осомничена во „Адитив“: Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на виделина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авионот од Скопје кон Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против…

August 21, 2025
ХРОНИКА

Пелети полиени со бензин укажуваат дека пожарот кај Блаце е подметнат, нема изгорени куќи во Чучер

Постојат индиции пожарот кој во неделата околу попладне избувна на магистралниот пат од Скопје кон граничниот премин Блаце да е…

July 8, 2025
ХРОНИКА

Во акцијата „Премин“ паднаа  16 царински службеници- примале поткуп од 20 до 150 евра

Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања…

October 16, 2024
ХРОНИКА

Се запали автобус на ЈСП: Жената возач го изгасила огнот, па завршила во болница

Денеска (21.07.2025) во 07:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?