Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Техеран: Подготвени сме и за преговори и за војна со САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Техеран: Подготвени сме и за преговори и за војна со САД
СВЕТ

Техеран: Подготвени сме и за преговори и за војна со САД

Објавено January 30, 2026 19:23
Сподели
Сподели

Техеран е подготвен да ги обнови разговорите со САД, но тие мора да бидат фер и да не се однесуваат на одбранбените способности на Иран, изјави во вторникот иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во време кога регионалните сили се обидуваат да спречат конфликт меѓу двата ривали.

 

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека има намера да разговара со Иран дури и кога САД испратија уште еден воен брод на Блискиот Исток, а шефот на Пентагон рече дека војската ќе биде подготвена да стори што и да одлучи претседателот. Еден од главните услови американската страна да продолжи со разговорите со Иран е да ја ограничи неговата ракетна програма, изјави за Ројтерс минатата недела висок ирански функционер.

 

 

Иран го отфрла барањето. „Доколку преговорите се фер и еднакви, Иран е подготвен да учествува во такви преговори“, изјави министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, на прес-конференција со својот турски колега во Истанбул.

 

„Подготвени сме и за преговори и за војна“

Арагчи рече дека во моментов не се закажани разговори меѓу Техеран и Вашингтон. Регионалните сојузници, вклучувајќи ги Турција, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, вложуваат дипломатски напори за да спречат воен конфликт меѓу Вашингтон и Техеран.

Одговарајќи на американските закани за воена акција, Арагчи рече дека Техеран е подготвен и за преговори и за војна.

Арагчи, кој го опиша својот состанок со турскиот колега Хакан Фидан како „добар и корисен“, исто така додаде дека Техеран е подготвен да соработува со земјите во регионот за промовирање на мирот и стабилноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ потпиша измени на судски закони, кои Брисел ги оцени како чекор назад на патот кон членство
Следна Статија Објавени нови документи во случајот со Џефри Епштајн

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Медведев: Сега имаме право да возвратиме со оружје за масовно уништување на Киев и НАТО

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави денеска, откако САД и дозволија на Украина да истрела проектили…

November 19, 2024
СВЕТ

Од затворот во Њу Орлеанс избегаа 11 затвореници, еден е уапсен

Денеска 11 затвореници кои се сметаат за вооружени и опасни, избегаа од затворот во Њу Орлеанс во американската држава Луизијана,…

May 16, 2025
СВЕТ

20 точки за мир: што точно пишува во планот на Трамп за Газа

Планот на Доналд Трамп за прекин на војната во Газа е прифатен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Хамас се согласи…

October 4, 2025
СВЕТ

Руски напад врз Суми: Најмалку 31 загинати и 83 повредени, меѓу нив и деца

Украинската државна служба за итни случаи издаде ново соопштение во кое се вели дека најмалку 31 лице, меѓу кои две…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?