На 21.08.2025 околу 09:15 часот во ОВР Ресен било пријавено дека во дворот од неговата куќа во Ресен, додека Е.З.(63) од Ресен менувал дел на тракторот „фергусон“, тракторот почнал да се движи наназад, по што тој скокнал, а тракторот се превртел.
Притоа, Е.З. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид за укажување помош.
Се работи за расчистување на случајот.