Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тигрите слават 44 години од формирањето: Елитна единица која е врв во професионализам, стручност и обученост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тигрите слават 44 години од формирањето: Елитна единица која е врв во професионализам, стручност и обученост
МАКЕДОНИЈА

Тигрите слават 44 години од формирањето: Елитна единица која е врв во професионализам, стручност и обученост

Објавено March 13, 2025 18:16
Сподели
Сподели

Во касарна Илинден во Скопје денеска се одржа свечено одбележување на 13 Март – Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – „Тигар“ и 44 години од постоењето на единицата, во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со највисокото раководство во МВР, како и високи претставници од Владата и Генералштабот на Армијата, амбасадори и полициски аташеа при амбасадите во земјава, поранешни команданти на Единицата, семејствата на загинатите припадници на Единицата и бројни гости, соработници и пријатели на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност во рамките на МВР.

Пред спомен плочата на загинатите припадници на САЕ Тигар беше положено цвеќе од страна на официјалните делегации од Владата, МВР и семејствата на загинатите припадници на единицата.

Министерот Тошковски истакна дека САЕ Тигар од аспект на професионализмот, стручноста и обученоста на своите припадници, претставува вистинска гордост како на министерството за внатрешни работи така и на цела Македонија.

-Македонија е горда на своите Тигри. Оваа високоспецијализирана полициска единица, една од најсложените во безбедносната структура на МВР, секогаш во секое време е целосно подготвена, ефикасна и обучена, технички и човечки опремена до перфектност, се со цел брзо и ефикасно извршување на специфичните и сложени задачи кои ги има во секојдневното работење, потенцираше министерот Тошковски во обраќањето.

Министерот Тошковски нагласи дека министерството ќе продолжи со континуираниот развој и поддршка на единицата во насока на материјално-техничко унапредување од секој аспект со цел продолжување на врвната ефикасност и ефектуирање на резултати на единицата.

Командантот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Драган Прокоповски ја потенцираше храброста, професионалноста и пожртвуваноста на припадниците на единицата и се заблагодари на раководството на министерството што ја препознава вредноста на единицата и ја става на врв на приоритетите во вложувањето и своите планови за унапредување и поддршка.

МВР
„Со соработка, дисциплина и професионалност, со брзо и енергично дејствување ќе останеме ударната сила на Министерството за внатрешни работи, сила која секој непријател ќе ја почитува, а секој граѓанин ќе ја доживее како гарант на мирот и безбедноста“, истакна командантот Прокоповски.

Прокоповски потсети на седумте припадници на Специјалната антитерористичка единица-Тигар кои вршејќи ја својата должност, штитејќи го уставниот поредок, мирот и безбедноста, ги загубија своите животи.

„Нивните имиња ќе бидат вечно врежани во историјата на нашата единица, а нивниот дух ќе продолжи да живее во секој припадник на оваа горда единица“, заврши командантот Прокоповски.

Од страна на припадниците на САЕ – Тигар беше реализирана и видео презентација на активностите на единицата за 2024 година, а во знак на одбележување на 44 години од формирањето на единицата беа доделени и плакети, благодарници и награда за најдобриот припадник на Единицата за 2024 година, беа доделени плакети на припадниците за 5, 10, и 20 години служба во единицата, и плакети на соработници и пријатели на единицата.

На крајот од свеченото одбележување присутните ја посетија и Спомен куќата на САЕ „Тигар“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку
Следна Статија Сиљановска Давкова: Европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова: Генералка викенд да прерасне во Генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси

Штитејќи ја природата се штитиме себеси, а генералка викенд треба да прерасне во генералка од 365 дена, порача денеска од…

May 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова: Корисењето на владиниот авион во одредени случаи е порационално и поевтино решение

Користењето владин авион овозможува функционално извршување на државна работа, но е и поевтино од комерцијален лет, смета македонската претседателка Горданa…

February 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Василевска: Во периодот на владеење на СДС и ДУИ обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт

На денешната панел-дискусија на тема „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Повредениот од пожарот во Кочани, Јордан Ефтимов стана дел од тимот на „Support Kocani“

Јордан Ефтимов, еден од преживеаните од трагедијата во Кочани со изгореници на двете раце започна со хакагонот за правда, предводејќи…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?