Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > „Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост
Blog

„Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост

Објавено September 12, 2025 19:48
Сподели
Сподели

Оваа година винарската визба „Тиквеш“ одбележува 140 години организирано производство на вино и жестоки пијалаци – јубилеј кој го потврдува континуитетот на македонската винска традиција, но и модерната визија и лидерство на компанијата. Денес ВВ „Тиквеш“ е препознаен како регионален лидер и глобално афирмиран бренд, благодарение на стратешката трансформација и инвестициите насочени кон целосна модернизација, дигитализација и создавање вина со врвен квалитет, кои во изминатите две децении надминаа 45 милиони евра.


Развојната стратегија на „Тиквеш“ во овој период беше насочена кон зголемување на квалитетот на виното и инвестициите во нова опрема, дигитализација на производствените процеси, како и во професионалниот развој на вработените и ангажман на врвни домашни и странски експерти. Истовремено, винарницата воведе нов пристап и современи практики во лозјата и воспостави партнерски односи со лозарите. Овие процеси овозможија во изминатите две децении, винарската визба „Тиквеш“ да доживее целосна трансформација и модернизација.


Паралелно се одвиваше и премиумизација на винското портфолио, преку создавање вина со современ стил и автентичност кои освојуваат рекорден број награди и највисоки оценки за квалитет од најпознати светски вински познавачи и авторитети од рангот на Роберт Паркер. Со отворањето на бутик-винарницата „Domaine Lepovo“, која го трасираше патот на производството на премиум вина од специфични микро-локации, како и стратешката аквизиција на француската винарница „Château de Gourdon“, „Тиквеш“ го потврди интернационалниот карактер на брендот и дополнително ја зголеми неговата препознатливост и кредибилитет во глобални рамки.


Ваквите инвестиции и стратешки одлуки, реализирани во изминатите две децении, му овозможија на „Тиквеш“ да ја заземе лидерска позиција во винската индустрија во регионот и да прерасне во еден од најсовремените и најиновативни глобални вински брендови. Денес „Тиквеш“ е препознаен бренд на пет континенти, со повеќе од половина од приходите кои се генерираат од извоз, кој во 2024 година достигна 32,7 милиони евра, како и со континуиран раст на продажбата на домашниот и на најпребирливите светски пазари.

„Она што го прави ‘Тиквеш’ уникатен е спојот на 140-годишната традиција со најсовремените светски трендови во енологијата и лозарството. Повеќе од еден век растеме заедно со нашите лозја, нашите луѓе, нашите партнери и потрошувачите, градејќи наследство втемелено во страст, посветеност и доверба“, велат од ВВ „Тиквеш“.

„Нашата визија за иднината е преку вложувања во обновливи извори на енергија и технологии за намалување на јаглеродниот отпечаток, воведување практики и дигитални решенија за прецизно лозарство, органско производство и заштитени географски ознаки, да бидеме двигател на промените, зелената трансформација и одржливиот развој на винската индустрија во Македонија и регионот. Под слоганот ,Бескрајно твој’, продолжуваме да бидеме бескрајно посветени на нашите партнери и сите оние што уживаат во вината на „Тиквеш“ и во сите убавини на винската приказна што ја градат токму луѓето“.

Во чест на јубилејот, компанијата организираше гроздобер за претставниците на медиумите, во органски сертифицираните лозови насади на поседот Лепово. Тие имаа можност лично да учествуваат во бербата на каберне совињон, да се запознаат со современите агро-технички практики и да дегустираат вина од ексклузивната серија „Domaine Lepovo“, создадена со специфични енолошки методи кои придонесуваат за нивниот препознатлив карактер и врвен квалитет.

Со овој настан, „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата врска со лозјето – изворот на секое добро вино – и ја спои традицијата со современите трендови, преточувајќи ја македонската винска историја во глобално препознатлива приказна насочена кон иднината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кумановци осомничени дека со дронови ја снимале полицијата
Следна Статија Муцунски: Со партнерството со САД, македонскиот народ стана посилен, послободен и поуспешен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Forget a Second Screen, This $799 Portable Monitor Adds Three 18.5-Inch Displays to Your Laptop – Yanko Design

The average laptop screen sits somewhere between 13 and 15.6 inches, which sounds perfectly reasonable until you start juggling four…

February 24, 2026
Blog

ЕУ казни три луксузни модни куќи

Европската комисија објави дека ги казнила луксузните модни куќи Gucci, Chloé и Loewe со вкупно 157,4 милиони евра за мешање…

October 14, 2025
Blog

Seven things to know about how Apple’s Creator Studio subscriptions work – Ars Technica

For the Mac versions of pro apps, things aren't actually changing much (yet).

January 30, 2026
Blog

Мицкоски: Големата доверба од граѓаните значи дополнителна мотивација за работа

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денес во одговор на новинарско прашање во врска со анкетите, каде според бројките ВМРО-ДПМНЕ има…

March 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?