Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томевски: Успешна интервенцијата на пожарот во Трубарево, целосно е под контрола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томевски: Успешна интервенцијата на пожарот во Трубарево, целосно е под контрола
МАКЕДОНИЈА

Томевски: Успешна интервенцијата на пожарот во Трубарево, целосно е под контрола

Објавено September 14, 2025 16:22
Сподели
Сподели

Пожарот кој изби во објект со електронски отпад во Трубарево е целосно под контрола. Покриени се околу 80 проценти од локацијата каде изби пожарот. Сега се работи на догасување и проверување дали има остатоци од самото горење.

– Мирисот од пожарот веќе е интензивно намален, го нема оној интензивен препознатлив мирис кој беше на почетокот. Се надевам дека до крајот на денот целосно ќе биде затрупана и целосно обезбедена како депонија, односно нема да има исчадување од неа, изјави командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски во одговор на новинарски прашања во Трубарево.

Тој додаде дека станува збор за тежок пожар кој е исто така тежок за гаснење, но, оти од професионален аспект може да каже оти интервенцијата е успешна благодарение на координацијат на сите институции.

-Според обемот пожарот имаше зафатено големи параметри. Освен нашите капацитети преку главниот штаб и општините беше ангажирана дополнителна механизација, камиони со кои почнавме да нанесуваме песок за да се спречи ширењето на црниот чад кој се гледаше оддалеку. Некаде во доцните часови пожарот е локлизиран, немаме активно горење, само чадење на локалитетот. На почетокот на наредниот ден дополнителна акција, со ангажирање на дополнителна механизација која што ни помогна во целост да го ставиме пожарот од контрола, рече Томевски.

Додаде дека сега се работи на догасување и проветување дали има остатоци од самото горење и оти околу 80 посто од периметарот на пожарот околу објектот кој е опожарен е покриен со песок.

-Она што е најбитно интервенцијата ја оценувам како успешна бидејќи никој од колегите не е повреден, сите безбедно се вратени дома, ниту некој од граѓаните побарал дополнителна помош од нас. Вакви пожари се тешки пожари, кои тешко се гасат, но, благодарените на организираноста на сите институции во државата успеавме брзо да го ставиме под контрола што дури и за мене беше изненадување, рече командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Појасни дека дојавата за пожарот ја добиле вчера во 13:30 часот и оти гори отпад од најразличен карактер меѓу кој и електронски.

-Беше ангажиран целиот наш капацитет кој го имаме, иако еден час претходно имавме дополнително уште една интервенција во населбата Лисиче каде имавме едно поголемо опожарување. Но, сите сили беа пренасочени на овој локаллитет. За брзо време беше пожарот беше ставен под контрола за да не се прошири од периметарот во кој беше затекнат, така што соседните објекти беа целосно изолирани од опожарување и се продолжи кон гасење на самиот отпад, истакна Томевски.

Информира дека поради обемот на пожарот била побарана дополнителна помош како од главниот штаб, така и од АД ОКТА, кои излегле во пресрет со хемиска пена со која побрзо пожарот бил ставен под некоја контрола, како и АД Макпетрол кој исто така донирал 4000 литри пенило, бидејќи резервите на противпожарните бригади, околу 3,5 тони, биле потршени во првичниот удар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Османи бара оставка од Меџити
Следна Статија Училиштата околу Трубарево една недела ќе одржуваат он-лајн настава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Започна реконструкцијата на скверот позади ТЦ „Капитол“ во вредност од 45 милиони денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почеток на реконструкцијата на скверот позади ТЦ „Капитол“, проект во вредност од 45 милиони…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси- Министерството за енергетика со нов тарифник воведува ред и фер наплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Битолчани протестираа против изградбата на регионална депонија

„Изгорени“ од децениското загадување од РЕК „Битола“ битолчани денеска излегоа на протест пред општинската зграда спротивставувајќи се на изградбата на…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Помилуван Ѓоко Поповски кој беше обвинет за набавката на возила и за блиндираниот „Мерцедес“

Најголемата жртва на лудилото наречено СЈО конечно на слобода. Ѓоко Поповски, екс помошникот на министерот за јавни набавки во МВР,…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?